Тоа со Југослав беше иронија бидејќи Ведран е Босанско и Српско име, тоа што ми се допаѓа мене на некој не му се допаѓа и не значи дека ќе ви се допадне, на мене лично ми се допаѓаат на слух византијските имиња или имиња како МихаилИС Георгиос Јоргос Евлогиј Димитриос Антонис итн итн
Најпристрасно ќе кажам Војдан, иако и другите две имиња си се убави. Ако ви е битно да не е често, Михаил ми е мноогу зачестено последниве години, само во зграда имаме две дечиња што се викаат и две во градинка.
Никогаш не ми било битно дали е името често. Битно ми е да ми се доапаѓа името. Јас сум за православни имиња. Модерно име не би ставила на дете. Секој со своите размислувања.
Не сакам да ја спамам темата ако може избришете ги моите мислења, и ако може последно прашање дали мислиш дека Јоргос е просто име и зошто? Така разбрав од твојот коментар
Хаххаххах те сфаќам не викам дека нема зависи кој каков стил на живот живее ама дека кај неа каналот е секогаш на Б92 сигурно ќе се изнервира и ќе и е чудно или па можеби и нема да и е толку гајле
Според тебе Михаил е име за дедо, а МихаилИС е ултра кул и ако детето ти се вика така значи дека имаш уште покул стил на живот? Туууу значи ем сум му го утнала скроз името на детето мое, ем имам никаков стил на живот. Синко извини, уште сега ти закажувам во МВР промена на име, таман до следен роденден ќе стигнеш на ред.
Многу ме сфати буквално, Ама име од Борис да се модифицираат како БорЧЕ и од Христос во ХРисто Ристо и Ристе и од Јон како Јонче и да ви е шубе да додадете Ис ама да не ви е шубе ако е некое Српско име или најчесто се користи таму
А мене па твоите со ИС ми се грчки сите. Кај нас си има збор "ведро, ведар" па нема зошто името Ведран или Ведрана да е српско или босанско. А тоа Евлогиј јас не можам да го кажам, детето не знам на која возраст би го научило сопственото име.
Епа, на некои им немаат убавина византиските. Баш многу од тие звучат дедовски (ако е за мрчење). А, што па мора во тие форми кога и од тие имиња има наши или интернационални форми?
Анабела, и Ана и Бела ќе си се кажува, дур не одлучи како сака.. па на година-две години некое прцле со бушави коси и румени обравчиња ко ќе каже дека се вика Бела... гласам за Бела
Има и стари убави имиња. Уште се популарни - Благоја, Теодор, Зоран, Илија, и др... На мене овие ми се допаѓаат. Ама никогаш не би ставила на дете име од типот - Ставре, Ѕвонко, Трајче, Крсте, Ефто... Ова е веќе престарено.
И мене ми се убави Византијските, само не можам да најдам некое име кое ја има истата форма до ден денешен и е општо прифатливо и препознатливо. И секако да не ја изгуби формата при транскрипција/транслитерација бидејќи живееме во странство. Доколку имаш на ум такви имиња те молам предложи ми, да ја зголемам листата. Пример: Адриан - Adrian OK Давид - David OK Филип - со транскрипција е Filip, a ne Philipp NOK Лео - Leo OK Лeon - Leon OK Леонид - Leonid OK Леонидас - Leonidas OK Леонтин - Leontin OK Леонард - Leonard OK Константин - со транскрипција е Konstantin, а јас би сакала латинично да е Constantine