Нема правило. Ако си верник и ти значи некој празник, може некое име изведено од празникот да ти биде опција ако таткото на детето не прифаќа да се вика Малина.
Девојки со вакви имиња често се жртви на булинг. Можеби поради тоа. Ама, секако одлуката е твоја и на маж ти. Други не треба да се мешаат.
Не е проблем името, проблем е празникот. Како? Митра ли да ја крстам? Значи некако ми нема смисла во 21ви век. Моментално има секакви имиња и христијански и нови помодерни и странски, ама Митра no way.
Митра не. Многу е старинско. И да идете по празник, на пример Деметра би било поубаво од Митра. Ама, не морате. Ти кажавме овде, нема правило. Крстете си ја како сакате.
Знајш како? Од самиот почеток си ја завикавме Малина уште кога не ни знаевме ни дали е девојче, и ете Господ ни дади девојче и едноставно цело време Малина, за Малина, од Малина и ни остави многу убав впечаток и на двајцата, а и на дечките кај мене, бидејќи ни е трето. Не дека нема поубави имиња, има премногу ама ете, некако веќе 9месеци си има име и се поврзавме со тоа и сега да ја мењам у Митра некако ми е без веза. Тоа ми беше прашањето само, дали сум обврзана по празник да крстам?
Pa ne Mitra, ama eve moze Dimitrina, Damjana..ako neli se vodite po praznik. Ni mene Malina ne mi se sviga i iskreno ke ima i postsmevanje i se okolu imeto. Razmislete si ubavo.
Јас не мислам така бидејќи можат да си ја викат Лина или Ина на скратено, ако е за така Ристенка, Благородна, Костадинка нели се исто такви имиња со старо потекло. Нејзината пра баба е Малина.
Ја родив на празник па не ја крстив Павлина, не дека е лошо името туку дека со години надзат знаев како ќе се вика, ако си родам девојче. Исто како и ти. Ќе си има друг именден моето и тоа е тоа. Таман два пати ќе си славиме .
Како си сакате да си ја крстите, вие ќе си ја викате не сум сретнала досега име Малина ама ко има Калина, Јагода што е поразлично ова (дека има коментари за потсмев за името) мене ми се свиѓа знам многу што се родени на празник што не се крстени на празникот.
Околината коа ке го прави и раѓа тогаш ке кажува. Крстете си го детето како сакате вие, ваше е. Малина ми се допаѓа многу. Ептен сакам ретки имиња во денешно време булиг за името по би имала благица, сузана, петранка пример него ли Малина.