@_qemma_ Вие сте родители ќе си одлучите. Ако ви се допаѓа тоа име нема што да менувате. Можеби ете јас не би ја крстила така ќерка ми, но не ми е јасно зошто да се потсмеваат на Малина, ама не на Калина.
Моја претпоставка е дека Калина е многу почесто име, Малина е несекојдневно, па затоа можеби би имало повеќе потсмев спрема името Малина.
Не, искрено, имав реакции преубави за името, а имав и такви у смисла малина капина јагода боровинка, тоа е кај нас веќе изживеано, не се интересни, ама има и многу други имиња подложени на булинг, а има и булинг шо не е поврзан ни со името ако веќе размислувам така. Секако другарките ќе ја скратат у Ина или Лина тоа веќе си знам.
Секогаш имало такви сељачки шеги за поголемиот дел од имињата. Најважно е вас и на сопругот да ви се допаѓа името. За булингот, се доаѓа од дома. Ако родителите не си ги воспитуваат децата и имаат став "само тоа е игра" секогаш ќе биде присутен.
Ако и даваш име за да и го кратат другарките подобро крсти ја Лина или Ина и ќе си го има името. Искрено Малина не ми е никако Македонско повеќе накај Бугариве ме влече името, али сепак ваша одлука си е. Јас не би ставала за дете име како МалинА,Лимонка,Убавка итн.
@_qemma_ Чим јас за ќерка ми Софија дочекав да слушнам дека е Бугарско име и "како така сум си ја крстила ќерката во сред расправии со Бугарите" биди спремна за секакво име да слушнеш гомна јадење, извини на израз. Како сте си решиле, така да си ја крстите. Празник, не празник гајле ти е. Освен ако не сте апла верници, ама ко шо видов веќе сте си решени за Малина.
@_qemma_ битно на вас да ви е убаво името. Јас за моите деца слушав коментари дека требало по дедовците да се крстат. Некои сакаат модерни имиња. Јас сум против тоа.