Ја зачитав темата и го видов споменато името Ристенка. Пукната бев за мома , Ристена ќе се викаше. Ама си го добив Славен. Нека ви е жива и здрава Малина , си имате ќеркичка со најубаво име за вас и неа .
Од сите овие само Огнена не сум сретнала име, Илина во последно време е многу често име, само во градинка незнам колку има Илина, другиве одамна ги има освен Меланија што не беше пречесто порано, сега и тоа е многу често или Мелани, Мелина.
Јас кога некогаш во иднина ќе имам деца би сакал ако имам син да го крстам Ослиќ, а ако е женско да биде Небјула
Само сакав да видам реакции за да ми е уште посмешно, а дека се тупоќа невидена имињава тоа нема дилема..сакав да видам реакции на осуда и плукање ама ти богами ептен воздржано и културно се искажа..секоја чест покрај вакви утепани имиња
добри се...дека почнавме со рибешко име, а ти го дозбогати списокот...е машко име добро би било да е Клен..на пример Клен Митровски...и иде у школо гледаш го дига учителката и му вика: ајде Клен нека излезе на табла