Јес. Не сме спремни умствено за син. Мислевме женско ќе е и ова. 2 месеци знам дека е машко ни име ми текнува, ни имам претстава како со син ќе биде. Алек ми го пишаа и погоре, ок ми е, никогаш не би ми текнало.
Па нема многу машки имиња со три букви, а да не се измишљотинка што викаш освен Тео и Иво. Повеќе со четири букви ми текнуваат: Нино, Олег, Исак, Тино, Миха, Емил, Алек.
Многу убаво ќе ви биде. Јас секогаш сакав син, ама после ќерка ми, прва мисла кога дознав дека второто е машко ми беше - леле јас ништо не знам за машки деца. После ми текна дека и пред да имав ќерка ништо не знаев за женски деца па ми стана смешно. Ама имав чудно чувство некое време, оти со девојче веќе имав некоја поголема самодоверба. Ама син е син и ќерка не може да го замени, ниту обратно и супер што имаш шанса да ги доживуваш предизвиците на двата пола. Ќе си видиш. Иво ми е многу убаво име и ако имам трето некогаш па и машко си го чувам како опција. Гледам Алек го спомнуваат повеќето за вкусови не се дискутира, мене ми звучи како недокажано. Син ми е Алекс, една буква плус ама скроз друга димензија ми е. Моќно.
I jas deka prvoto mi e devojce koga doznav deka vtorovo e masko si vikam lell pa jas nezz kako so maski deca
Мене убави и нормални машки имиња ми се Стефан, Марко, Алексеј, Филип, Симон. Подолги се знам ама не ми текнува кратко
Па, нема голем избор. Адам, Аце, Алек, Боби, Ване, Емил, Иво, Јан, Јане, Кире, Миле, Наум, Нино, Симе, Сашо,Тео, Томи, Тони.
Mamichki imame na um za imeto Mila,sto mislite, vi se dopagja li?Dali go dozivuvate, go gledate kako ime ili kako pridavka vo nashiot mk jazik kako mila, najmila. Bi vi smetalo koga ke ja vikaat « milichka », Mila e stvarno mila, milata na baba/dedo/teta itn.neka spodele nekoj sto ima kerka Mila ili samata se vika taka Stvarno mnogu ni se dopagq, no nekako sme neodlucni.
Другарка е Мила и е Мила. Толку… Сакала нејќела во школо може ќе и дадат надимак некој. Еве маж и на другаркава ја вика Миле, Мици,Милче… Сметало не сметало ќе си има надимаци или слатки модификации на името.
Секое име е повеќе или помалку убаво, но мене лично Мила не ми се допаѓа. Онака, меех ми е. Вас ако ви се допаѓа, така крстете си го девојчето, вие ќе си го викате така цел живот, и вам ќе ви биде најмило и најмилозвучно на цел свет.