До пред некои 7-8 години и јас некако неодредено го доживував името - дали е име или придавка ко што викаш. Имав една познаничка од детството со тоа име (на времето беше ретко многу име, не како сега) и секогаш ми беше чудно. Но останав трудна и маж предложи Мила и некако без размислување прифатив, ко да ми легна од одма името. И еве сега после години веќе со ќерка Мила не се каам за изборот. Ми се допаѓа името. А и стварно е Мила (не дека е моја )
Kolkavo vi e devojcheto, kako ona go doziviva imeto? Decata ne li i se potsmevaat za imeto? Nikogash li ne ti prechelo koga okolinata ja vika « milichka » ili milata na teta. Prezvuchno ime i preslatko za mene, no nekako okolinata neznam kako go gleda.❤️
Кој ќе и се потсмева, Мила е меѓу најчестите женски имиња на деца моментално. Ние во околина имаме 4 девојчиња Мила меѓу 1 и 4 години
На другарка ќерка и е Мила, и она сама си пишува најмила Мила. Името си е едно, придавката си е друго. Башка шо еден куп ги има со тоа име, не е ретко и чудно име.
Никако не го доживувам. Име си е име. Не е некое чудно и необично. Дури често го среќавам. Ако вам ви се допаѓа, а се мислите дека на околината нема да се допадне, ќе си ја смените околината Вие ќе си ја викате највеќе, затоа и вие ќе си ја крстите како што вам ви одговара.
Децата почесто се исмеваат на Миа (тука сум чула ради инфлуенсеркана) отколку на Мила. Ама, тоа зависи од воспитувањето. Миа е изведено од Марија и слични имиња. Значи моја на некои јазици. Мила исто е изведено од други имиња. Значи мила, драга личност. Можете да се одлучите и за целата форма Милена/Милана, но пак некои ќе ја викаат Мила. Што секако не е лошо и не е за замерување. Нејсе. Не е битно што мисли околината.
Емилио и Алексеј на мене не ми се допаѓаат, можеби Емил е подобра верзија, а Алексеј исто има други алтернативи што се повеќе звучни. Христијан е долго име, па најверојатно ќе го викаат секогаш Кико. Од женските имиња Ева одамна го немам слушнато, но некако ми е најубаво од понудените.
Зошто би се потсмевале за нормално и убаво име како Мила, во време кога ги има Тијан, Маркинијан и по некоја женска измишљотка?! Без навреда кон некој ама јас сум секогаш за нормално име отколку за нешто што е моментално, па за 5 години ќе биде смешка.
Ќерката ми е прваче и сега името не е некое ретко за да им биде чудно на другарчињата. Ниту пак да биде предмет за потсмев. Не знам во какво опкружување живеете што толку дилема би имале за ова име во однос на други нови модерни или не знам веќе како да ги наречам измислените имиња што се ставаат денес. Име ко име, ја би рекла ова е нормално во денешно време. Може да се рече и дека е често но еве во наше опкружување не е и пречесто (во градинка на 60тина деца генерациски беше само она една со тоа име, во школо од 3 одделенија првачиња 2 се). Ете и други членки пишаа слични мислења. Ако толку имате дилема може треба да одберете друго име. Ма крајот важно е како ти ќе се чуствуваш кога ќе си го викаш детето со тоа име и како ќе го доживуваш. Јас лично сметам дека добар избор сме направиле со мм во изборот за името на Мила мамина
Се согласувам, што имиња се тоа: Тијан, Теофан, Маркијан, Ноа, ЈонЈанг и што ти знам таму... Женски па Естела кога слушнав...
лугето во ново време дават име на дете како на куче- како да нема да го следи цел живот. Единствено им звучило интересно па ајде да го осакатиме