До крај сто желби ќе имаат. Поглемава 2год имаше кога се роди дада и, и викам ти се допаѓа ли Лихнида,ми вика какви глупости се тоа мами А најинтересна беше за крштевката. Ја крштевавме малава на скоро 3 год.и поголемава вика,ај досега ја викавме Бисера што ја викавме,сега да видиме попот какво име ќе и даде @marama Маж ти има вкус али јас навивам за мома И да е дечак (од маливе назив)пак ќе го сакам
Оливер баш го коментирав пред скоро дека е убаво а подзаборавено. Има детенце со големиот во одделение и така се сетив. Јас па имав скроз различни имиња на списокот за двете За првото: Дамјан, Војдан, Јане, Илин За второто: Евгениј, Јосиф, Михаил и Симон. Тадеј исто ми беше желба, ама мм демонстратвно го одби За девојче исто и Петра би ми било во игра, ама завршив јас со тоа. Сега може само штркот ако донесе и тоа девојче по нарачка
Ако бидеме политички коректни тогаш сите имиња се убави, ама Илин нема смисла. И се смеевте на Ангела за Лиам мамичка а изнаоѓате некои уникат смешни имиња само да не биде Илија што е правилното од вашиот избор. Зашто нели вашето е најпосебно дете на светот. Ова за сите општо трендот за имињата, не се однесува на тебе, ама даде совршен пример како се упростуваат имињата од чиста желба уникат да биле, а всушност за греота.
На секој родител името на своето дете му е најубаво и посебно. Дали е Илин или Илија правилно на крајот на денот е најважно да е правилно за нас, а не за тебе или останатите.
Оливер ми беше фаворит, ако првото беше машко. Сопругот демонстративно одби. Додуша и девојче се погоди, а Оливера не ни беше во план или идеја,не дека не е убаво. Остануваме ако се решиме за второ, пак да го ставам во предлози.
јако машко има би било Пиреј ко истоимената мкд. книга...колку сакаш корни го ама пак ќе изникне..симболиката му е моќна, плус мене ми прозвучува и ко кул традиционално име на некој римски император...
како некои луѓе имаат сила да упропастат нечија имагинација тоа е нешто страшно па ако не го бива Пиреј еве нека биде Штавеј...што ќе кажеш на ова Луна 91?
е ова е супер име...уште да му додадеме три букви и да стане Барбарела...ме потсеќа на филмон со Џејн Фонда у спејс кога била ептен млада и многу згодна беше у тој филм тогаш..може вака ќерка ми да си ја крстам ако имам ќерка во иднина
па ако не Ананас, Лањанас е увек опција на пр. Лањанас Лотосов....и го вика професорката да одговара и му вика, ајде Лањанас веднаш на табла...и Лањанас искача на табла да покаже како се обелува образ пред цел клас
Лук Кромидаровски и завршена работа. Ни лук јал, ни лук мирисал. Откачивме начисто на денешницава со имињава.
по малку а девојче да крсти некој, Марула Брокули? од мешан брак по мајка Македонка е Марула, а по татко Италијанец Брокули
За мене името е битно и не би да ставам некое необично за да се издвои детето ,демек нема никој со такво име,и името од уникатно,да делува смешно,треба да се размисли убаво (имаме убави имиња и има убави странски и универзални имиња),така да нема потреба од тоа. Ако не,може уникат да биде,Салатко,Грозданчо,Бранчо,Лозанчо.....Салфета,Грозданка,Пиравка.....прво јас не сакам така да се викам,а не па моите да ме крстат вака....е сега и до кумот е,да даде асално и културно име,а не да се чатали со имиња кои се даваат на кутриња и мачиња.....Лола,Лили,Мили,Чики....