Познавам Илин што е роден во 80тите, а Калин 90тите. Се зависи што е ново-старо за тебе. Може ново е од 80ти па навака. Баш тие имиња не се смислени сега, можеби само повторно стануваат поактуелни. @sleepingbeauty
Најмногу ми се допаѓаат Лина и Борјана од наведените Инаку предлог за да има „Р“ во името - Вероника, Леонора, Ирис
Вероника не ми прави кеиф од Х причини А Леонора е убаво, а и Елеонора или Еленора ми се свиѓаат Викам јас.. на крај којзнае како ќе ја крстиме Ќе дадеме на кумот на влече ливче...
Може и тоа е добра идеја... Да си имаме на ум неколку имиња, па да се роди и да видиме кое ќе и прилега
Ова беше на мм идејата, ама јас сакав да ја си завикам со име уште од стомак. И после си ја викавме бебе, бебо, бебљо, бебка 6 месеци откако се роди.
Кога ве читам вака за "кавги" за името си велам среќничка сум била Јас дадов еден предлог, маж ми друг и додека ме носеше на прием ми вика абе за име не се договоривме, реков нека се роди ќе се договориме и на првото слушање после царскиот ми кажа дека решил да се вика како што јас предложив, така да за мм
Секој родител си сака убаво име за детето, сите сме различни, некои сакаат уникатни имиња, некои по баба и дедо, некои православни. Мене лично не ми се допаѓаат имињата скратени по една буква и се со машка верзија: Калин/а, Ирин/а, Илин/а, Иринеј. Дино познавав двајца во средно што беа муслимани, исто и Денис, а имам комшија Македонец што се вика Денис, на колешка па женското дете се вика ДениЗ. Значи секој си одлучува за името на своето дете, секој си имаме различно мислење, ама и не треба да се рипа ако некој пише дека не му се допаѓа тоа име. Еве и за Јана ќе кажам, кај ќерка ми во градинка има 3 девојчиња што се викаат Јана, во нашата зграда 4, а во маало да не зборам. Ама така сакале родителите. И како што пиша една членка повеќе се ставаат имиња како за кучиња и мачиња, ама така сакаат и не треба да им се мешаме. И ве молам не рипајте одма на вас што ви се допаѓаат овие имиња, пишав секој си има различно мислење.
Ние со сопругот пошто немавме одлучено за име и за да не се караме во бременост за името одлучивме Жандриела да ја викаме дур бев бремена и од кога се породив уште неможевме да се одлучиме имавме 5 или 6 имиња ама се мислевме кое и сопругот ми вика а да си ја крстиме Жандриела и уште некое време Жандриела ја викавме од навика.
Zdravo ne mozam da se odlucam za masko ime...izmegju Matej I Milan sto mislite vie koe e poubavo? Falavi