Мојот е роден на благовец. И баба ми и дедо ми одма: Блажо/е или Благојчо/е ќе се вика? Вааажи нема проблем и за едното и за другото име. Син ми има скрос друго име Не сум некој верник ни јас ни мм така да да не ни кажеа дека било благовец немаше ни да знам
Сите што си ги одбрала се убави имиња. Марта, Петра, Екатерина или можеби и Катерина. Ана и Јана се убави ама веќе пречести последните години уназад, ако не ви смета тоа.
Мене ми се допаѓаат и имиња што се чести, од тоа глупирање да ти кажам уникати тука сите да бидат уште неам сретнато некој цигла да се вика… тие се имињата што се модерни ко на времето што биле Марија, Александра и сл. Мене ми се допаѓа Софија, Јана и Ана. Петра ме потсеќа на една баба у комшии али добро секој има свој вкус. Ние веќе избравме, сакавме кратко и така и избравме. Мене две ми се допаѓаа му реков на маж ми избери и он избра едно од двете и лесно пројдовме хахаха.
За Екатерина ќе има мрчење од мајката на мм сигурно. Блиско е до името на мајка ми, а јас не го сакам заради тоа... Туку ми звучи премоќно некако. Ама од друга страна, знам дека ќе ја викаат Кате или Кети, дека е долго. Затоа и повеќе некако сакам кратко, за да си ја викаат како што и е името.
И кратко да одбереш, пак некои ќе ја викаат во издолжена форма дека им е мила. Пример од Ана, ќе биде Ането, Аниче или Аничка. За свекрва ти да не ти е гајле. Одлуката е твоја и на маж ти, не нејзина.
Да јасно, јас сакав Аника да ја викам мојата но ептен ми е слично на свекрвата па несакам Инаку скратено од Екатерина ми е Ека, што ми е исто убава скратеница. А името е преубаво нема збор. Како и да е од другите.... Гласам за Марта ^^
Ањето јазик си истегнав додека кажам, како им доаѓа на луѓево да измислат,сфаќам и милост и сè ама скроз ново непостоечко име?! Ние еве 6м успешно,никој не му најде на бебо некое ново име па сите си го викаат со свој назив Бабич,дедко,бабкин,теткин @LadyR Екатерина е убаво ама да, Кате ќе ти ја викаат... Мој фаворит - Марта
Ако ти е битно мислењето од свекрва ти, океј, ако не, кој ја врти. Мислам таа веќе завршила со давање имиња на деца во моментот кога завршила со раѓање. За кратенки, додека е мала, ти ќе ги корегираш луѓето што ќе ѝ се обраќаат со било која друга форма од оригиналното име и ќе научат така да ја викаат. А која ќе порасни и ќе има друштво, секако дека ќе има некоја кратенка во друштвото, како и да се вика (Ане, Анушка, Ани, Марти, Марте, Март, Еле, Ели, Елени, Еленче, Пепа, Пепи, Јаничка, Јанче, Софи, Софче, Софка...). Какво и да ѝ дадете име, луѓето секогаш ќе најдат некои чудни варијации. Големиот син се вика Јован и мислев дека Јованче е најгрда варијација на името, ама не, му се обраќале со Јове, Јошо, Јоци, Јоле, Јоки, Јошко, Јовко, Јованко
Не можам јас да поправам колку што можат нови да смислуваат Од градот од каде што доаѓам типично е да се членуваат имиња особено во прашална форма Мене тоа ми смета многу иако едноставно до дијалектот е, за неа уште повеќе ми пара уши. За овие 6 месеци се помирив дека како ќе расте се покреативни ќе бидат ама барем се поправаат кога опоменувам