Какво е ова име Каме? Прв пат го слушам. Од овие Кристиан е најубаво според мене. Јан ми е многу некако како недокажано името, што знам
Чим ти се допаѓа тебе нема што нас да нѐ прашуваш. Искрено прв пат слушам за тоа име и мене лично не ми се допаѓа, ама тоа е мој вкус.
Здраво. Ми треба мислење од страна како Вие гледате на оваа ситуација. Во брак сме неколку години, имаме едно дете и на пат е второ. Размислуваме за име но не можеме да најдеме заедничко решение.. маж ми е детето да го носи името на неговиот татко(свекор ми), што мене ми е крајно не прифатливо, прво од причина што името не ми се допаѓа(не сакам верско име), второ што таа традиција не ми се допаѓа пра дедо, дедо и внук да имаат исти имиња и трето што сметам дека свекор ми не ни го заслужува тоа поради низа проблеми кои сме ѓи имале(сега ѓи немаме бидејќи сме 3000км раздалечени). Кога се роди првото дете се договоривме со маж ми за име кое и на двајцата ни се свиѓаше и нормално кога се породив и дознаа свекор ми и свекрвата за името наместо радост од нивна страна првиот муабет беше зошто не е името на свекрва ми и така неколку месеци по ред пребацување за името зошто тоа а не тоа на што не се ми трудев да давам објаснување. Сега секој пат кога се почне таа тема муабетот завршува со кавга, имам пробувано неколку пати на мирен начин да објаснам што јас мислам и чуствувам но безуспешно. После три спонтани кои ги имав во последните две години јас не знам дали мене стварно хормоните премногу ми влијаат периодов, дали грешам Ме интерисира мислење од страна како вие би постапиле во оваа ситуација.
Исто би постапила, не гледам никаква причина ќерка ми да се вика Петранка… пошо свеки пример Петранка се вика или ако е машко да се вика Ставре, ако така би се викал свекорот. Не се почитува ако името се стави, со дела се почитува. Детето е наше и само наше, не е на свекорот и свекрвата. Кај мене е починат татко ми, и мое дете не би крстила по татко ми, зашто? Зашто со тоа нема да го вратам татко ми да е жив. Баш напротив, ќе го спомнувам и ќе му кажувам на моето дете каков дедо ќе имаше да беше жив. Така да јас сум пресекла од одма, вакви глупости, може само да сања. Така да избери ти име нека избере он едно да не е свеки и свекор име, пошто на крајот од денот непочит е и кон тебе. Тоа е и твое дете. Па влечете ливче кое падне ете тоа требало да биде.
Да си се договорите некое заедничко што ви се допаѓа како за првото дете и не попуштај никако Греота е во денешно време на дете да се даде некое постаро име... Имам случај золва ми двете деца на свекор и свекрва и постари имиња,прифатила,а сега секојдневно има проблеми со нив и тоа не за ситница и да нема мерак детето по име да си го викне ми е глупост
Поголема глупост од ова во 2024та не постои. Што е свекоров Роналдо па ај џуниор бебево (сулудо ми е и тоа) Не знам која е причината што маж ти толку форсира, дали да им угоди на мама и тато или има издржана причина? Јас, би се држела 200% до ставот ако тоа е тоа што го сакам.
Почитувањето не е ако им го ставиш името . Мојата ќерка се вика по свекрва ама не дека така мм сакал или они сакале ,НЕ! Јас кога го дознав полот дека е женско сопругот рече друго име но јас сакав да биде на свекрвата,многу ми се допаѓа името,уникатно е ептен а и плус свеки ми е како втора мајка,си се сложуваме ко мајка и ќерка и во најтешките мои ситуации никогаш не ми ја пушти раката. Свекрвата не ни знаеше дека ке се вика внуката по нејзе ,никој не знаеше и ептен се изненади.. Сега да имаме второ дете ако е женско јас ке кажам име ако е машко тој. Мене името не ми менува тотално ништо ,ама ако нема почитување и од двете страни џабе е и име и се. Јас лично не би ставила во твојава ситуација.Треба ти и сопругот да се договорите двајцата.
Го предложив и тоа но од негова страна опција за друго име нема освен по татко му. Му спомнав и дека мајката се жртвува најмногу за тоа дете, еве претрпев три спонтани, да го носиш девет месеци и да го родиш на што добив одговор па само ти ли си мајка во последниов период имаме многу недоразбирања и криза во бракот но тоа е нешто за што не би сакала да пишувам овде.. ментално сум попуштена. Од утрово ја почнавме таа тема и како што пишав погоре заврши пак со кавга. Познавајќи го мм причината е да се направи ќефот на татко му..
Прва опција ти е да си стоиш цврсто на ставот. Штом маж ти за првото прифатил име кое само на вас двајца ви се свиѓало, збори му дека така треба да биде и за второто. За ваше дете се работи, не за нивно. Штом сте далеку од нив, не треба да ви е гајле и да ви се налутат. Втора опција ти е компромис. Доколку од тоа име постои помодерна варијанта, таа да ја одберете. Сепак, вашете дете ќе биде друга личност. Исто или слично име не значи дека детето ќе биде со ист карактер како свекорот. Ти секако бори се за првата опција.
Не треба да гледате да прајте ќејфови на други. Тоа е ваше дете и треба вие да се договорите околу името. Јас ја ставив свеки ама дека јас така сакав, сопругот не ни знаеше дека сакам така,тој имаше скроз друго име замислено ..ама сепак заедно одлучивме никој не ни се меша во одлуките. И името е најмалата причина за кавга,гледај се со убаво и со разговор да средите .
Зарем уште ова постои ? Јас сфаќам пример од Борче да се направи верзија Борјан што ни се сфиѓа и на двајцата, НО никако при присила пошо ќе се налутел свекорот оти внукот немало да носи негово име .. Мислам во 2024 уште да постојат вакви заостанати мислења .. Јас да сум на твое место прво со мм би разговарала за некое заедничко што ни се сфиѓа, а ако никако не попушта и уште ги врти тие старовремски муабети на крај јас би си одлучила за името и крај.
Аман немој две имиња на едно дете. На другарка по грешка и го барав другото дете, непријатно беше за сите. Одбери едно име двете ти се убав избор, Викторија е победа, Мила е нежна.
Исто како тебе би постапила. Мада јас го прашав мм дали би сакал ќерка ни да се вика по мајка му, или некако слично, оти е почината. Строго НЕ добив и си најдовме име што на нас ни се свиѓа. Ако на тебе не ти се свиѓа тоа, нема жива сила што може да те натера да го ставиш тоа име. Башка, у друга држава сте? Нека се лутат 3 години, не мора да го гледаат внучето. У 2024та за тоа да се лути и убедува некој ми е лудо.
@AngIv не ти е до хормоните, едноставно нема што да се сложиш за име кое не ти се допаѓа. Исто форсирање ти прави дополнителен притисок, едно е убаво да те замоли дури и би се замислила, сосем друго е кога целосно е неразумен и не сака да погледне ниедна твоја перспектива. Почни и да напињаш со името на татко ти, оти што е тој па помалку битен. Без разлика дали бебето ќе носи име на некој од родителите, она што е најбитно е мајката и таткото да се сложни околу тоа.
И моето дете е крстено по некој кој е починат а имал големо влијание во нашите животи, но тоа не значи ради почит за едната фамилија, ниту дека ќе превземе нечив живот утре ден… Се што можеш е на убав начин да разговарате за кои опции ги имате за име ( двете страни - ти и маж ти) и запишете ги. Ако не сакаш да се вика како свекор ти треба маж ти да ја почитува таа одлука, сепак да само ти си мајка на тоа дете никој друг. И крај краева зошто само он да се слуша а твоето мислење за име?! Се останато е терање инает и пак се ќе ви завршува со кавга.. најдете некоја средина каде двајцата ќе најдете заеднички јазик. Нема поента он да е тој што ќе го има последниот збор… се работи за двајца, плус би било симпатично како што сфатив имате уште едно детенце - дај те му шанса и тоа нека даде пример, влечете ливче, правете натпревар.. направете забава од ова место кавга
И оваа беше предложено од моја страна и истото отпаѓа, значи се прифаќа само доколку е по неговиот татко,негова желба е тоа и крај
@AngIv или едноставно кажи дека ти сакаш да го носи и на татко ти името и таман со две имиња џуниор да биде, ќе се премисли по брза постапка Јас не можам да разберам ако за нешто вакво не може да се најде заеднички јазик, каде се поважни работи што е со маживе