Ми се допаѓаат нашите стари македонски, секако што звучат и современо, Јана, Горјана или Марин, Горјан, Горазд... Смешно ми е ова со странскиве имиња и на крај македонско презиме...не сите ми звучат убаво во комбинација, некако вештачки е. Инаку има и од странските мн убави како Лана, Лина, а се попопуларно е русково машко име Олег ама и убаво е
Здраво на сите. Ми треба ваша помош... Моето бебушко е машко и не знаеме кое име да го одбереме. Сакам името да биде кратко, за да утре доколку е подолго името не сакам да му го скратуваат. Ви благодарам однапред на помошта.
Мојата керкичка дефинитивно ке се вика Ана , незнам зошто ама ова име ми е многу убаво и на мене и на мм
Јас едно време бев замлатена по името Ерика, арно ама... се откажав, можеби поради болдираново името ми стана грдо. Без разлика дали е првото или второто во секој случај РИКА А ако веќе го гледаме текстот што го постираше сноу, тогаш и ова би можело да се искористи за исмејување во детските денови. Магарето рика- човекот не.
Сакам да имаат необични,несекојдневни имиња... Спојлер А не би ги откривала овде,зашо читаат другарки... одма ќе ме препознаат,често им зборам за тоа
Ако имам машко дете би сакала да се вика Христијан (доколку мажот не ми се вика така) А за женско име не сум размислувала.
јас до неодамна сакав да си ги крстам ќерките Теа и Леа, а синовите Тео и Лео...не знам оти ама сакам кога се римуваат имињата, а и практично е, ако ти треба нешто викаш по едното идат и двете Ама пред некој ден бев на гости кај една другарка и има две кученца пикинејзерчиња и погодете како се викаа Tea и Леа, коа ми кажа, само си помислив YOU! WHAT HAVE YOU DONE?! и толку од мојот мастер план
Ве молам за помош. Што мислете за некое име што води корен од името РИСТО освен Кристијан и Христијан? Ги очекувам ваште предлози итно ми требаат. Поздрав.