Пред некој ден ми се уврте Вита во памет маж ми одма го анулираше а летово слушнав машка верзија Витан, мн ми се допадна
Јас мислам дека ќе имам ептен проблем да изберам именце за женскава моја се некако ми се слушнати имињава, па некои не ми идат со презимето наше, маж ми сакал прсвославно, јас сакам некое интересно. Имам уште 5 месеци додека влезам во 9ти ама почнавме да дискутираме, два пати се скаравме еднаш дојдовме до едно именце што и на двајцата ни се свиѓа Ама мислам до крај ќе мислам на темава ако имате некој извор на имиња каде се инспирирате праќајте
Ако сакаш православни: https://denovi.mk/iminja/ Разни: https://www.behindthename.com https://nameberry.com
Имаш еден куп интересни православни имиња. Заедничко од двата хахаха.. само отвори православен календар апликацијата и читај ги секој ден светителите. Ние така го одбравме името на ќерка ми.
Доријан со „ј“ ако е за во Македонија. Инаку, од сите Тео е подобро бидејќи е интернационално. Останативе се премногу туѓи.
Од овие Тео, другиве не ми се убави. Убаво пишаа погоре, да оди некако со презимето. Ствар на вкус е, но ич не ми оди Каи Трпески. Матијас Васев. Дориан Петковски.