Со мм сакаме малку поуникатни именца, на пример ако е машко многу ни се допаѓаат Скопјан, Илин, Јаблан или Јатабан. За женско Сирила, или од вера и надеж = Веранда <3
Извини, ама повеќе ми личат на извадени од ракав рандом поими, отколку на имиња... Веранда, веќе постои како збор и значи нешто како балкон/трем. Ако живее во Скопје, ќе биде Скопјан од Скопје. Има уникатни и ретки имиња, што се всушност имиња. Што ако го крстите Јаблан, што е всушност топола, и не е високо детето. Ептен иронично ќе биде. Јас така би им се налутила на моите.
Никогаш за никој за име не сум се мешала, кој како сака нека си крсти дете, ама ова морам да го пишам. После летен распуст ги прашува учителката децата како си поминале. Доаѓа редот на Јане и он на тоа одговара "Како прво, јас не сум веќе Јане, сега сум Џон и цело време се качував и се симнував од веранда" Учителкава малку зачудена продолжува на следното дете и вика: "Ајде сега ти Вера кажи ни како помина за летниот распуст" А девојчево на тоа вика: "Јас не сум Вера, јас сум Веранда."
Ова е иронично. Членот/членката сигурно се зафркава. И тоа баш денес зачленет/а и веднаш тука мислење и толку.
Искрено, не очекував да налетам на вакви коментари и предрасуди. Многу сум разочарана, си направив профил за да споделам мислење и се изначитав еден куп глупости. Коментирате дрско, а не ги ни знаете значењата на именцата што ги пишав. Дали така пишувате за имиња како Каи (погрешно напишан прашален збор), Матијас (негативец од шпанска серија можеби?)… А стари имиња како Спасе, Трајанка, Славе итн, ви се смешни и старски. Значи според вас сите треба да си ги крстиме децата Лука и Леона и многу ќе сме модерни. Ау ќе заборавев на трендот именца од кутриња - Уна, Лео, ЗОИ, па кај и да е и Џони ќе стане популарно. Па уште јас сум била неозбилна со коментарот зашто ми бил прв. Епа прв и последен коментар ќе ми биде тука. Многу неубава енергија од женички, многу од вас МАЈКИ. За срамота.
Последно за мене чудно женско име што го слушнав беше Стори. (Јас си помислив можеби е членката друга националност) Се извинувам ама пребрзо осудувате па макар и на форум! (Дај бе малку не живцирајте бремени жени)
Членката само три постоечки имиња пиша. Останатите не се. Кај има Веранда, Јатабан и Скопјан, бе? Тролче е.