Здраво. Не знам од каде да почнам, имам уште неколку дена до пораѓај и сеуште со мм не можеме да се договориме за име, т.е за него друга опција освен по татко му не постои. Кога и да се започне темата завршува со расправија која синоќа ескалираше, при што дојдов во ситуација да се запрашам дали е тој веќе истиот човек од претходно. Ми се обрати со зборовите,, ти си должна да го родиш, за тоа си створена на овој свет, а за друго можеш да се сликаш.” , ,, ако детето нема име како татко ми нема да си го сакам, тоа ми е единствена желба”. Јас сеуште сум во шок и не можам да си поверувам што слушнав.
Прво срам да му е за зборовиве. Ти не си крава за расплод! Нема да продолжам за тоа бидејќи не ти требаат нервози плус. Ако не е тајна како се вика татко му? Претпоставувам тебе не ти се допаѓа тоа име, нели може од името на татко му да се изведе некое за да и на двајцата ви се допаѓа?
Ниту ми се допаѓа името, ниту традицијата ниту сметам дека татко му заслужува такво нешто. Плус што во фамилијата свекор ми, на свекор ми братучед и внук го носат истото име, ми нема никаква лоѓика да се редиме сите со едно исто име.
Некоја изведена помодерна верзија од името нема да свртиш? Искрено не е мое да ти се мешам, маж ми така да ми се обрати ќе најде сменета брава дома и клоца у газ.
Аууу... Жал ми е многу. На сите тешкотии во 9ти месец, и вака да ти зборува. Ако не ти се извинил, значи не е човек и заслужува што и да одлучиш да правиш. Компромис: нека биде првата буква по татко му... Или првите две, или некоја модерна верзија. Жал ми е што така ти кажал, навистина. Се надевам дека не си испуштила до сега други аларми за неговиот карактер, и дека ќе му е прв и последен пат.