Скоро сретнав едно женско име Теофанија, интересно и несекојдневно. Прабабами се викаше Гафа и до ден денес се чудам на имево, никаде го немам сретнато. Не ми се допаѓаат странските имиња некако не ми идат со нашите презимиња и не се дел од нашата култура, некои имиња ми звучат дури смешно.
Драги феминки, Ве молам за помош да се одлучам за име меѓу Јана, Надја или Илина за моето бебе девојче...Поздрав..
Имам синче Максим а сега чекаме девојка но никако да се сложиме со мм за името.Мои фаворити се Матеа и Инес( кое мм веднаш го отфрли) а нему Михаела.Набрзо ќе решиме влегвам во 9 ти месец .
Jaс па секогаш сум сакала некои необични имиња, како Клара за женско или многу сакам не е необично ама Дарко за машко
Ај женски кажете женски имиња не можам да се одлучам како да ја крстиме. Ја сум 20 недела ама предвреме сакам да си имаме смислено име. Ај ве молам малку помош. Благодарам.
МИА - ем кратко нема да и го скратуваат името (што сум цело време сведок на таа ситуација), ем убаво звуче (бар според мене).
Мене премногу ми се допаѓаше Лени или Лена ама мајката Елена ќерката Лена не иде Инаку Хана ми се допаѓа исто така за машки имиња до сега не сум размислувала