Така и ми звучат искрено, пренежно и убаво. Да не знаеш нешто повеќе за потеклото на имињава? Калин ми е едно од најубавите машки имиња ама веќе стана пречесто.
Ако ти се свиѓа не гледај толку дали е често или не. Ама да, стана многу популарно име. На почетокот ми беше чудно, само женските верзии ги знаев ама сега и мене ми е некако убаво, нежно.
Јас се мислам за женско име помеѓу овие, сакам долги женски: - Анастасија - Теодора - Заприна - Иларија. За кое сте од нив?
Исто и за второто толкување ко што ти пишала членката. Иларија. Анастасија и Теодора се пречести. Заприна (бугарско) се толкува како задржување, запирање или стабилност. Не ми се допаѓа.
Извини вака од кај го ископа Заприна жити се или печатна грешка тие зошто друго објаснување не гледам толку убаво име старо охридско е Зарина и сеа овде читам Заприна бе бог да чува што не ќе прочиташ.
Од што сакаме уникатни имиња веќе се преоѓа на измишљотини и кованици од имиња. Анастасија и Теодора биле чести имиња, а Заприна што дека е уникатно кога на ништо не личи . Или Калиј или како и да беше, мене повеќе ми личи на измислено име...
Смирете малку страсти на темава. Не е печатна грешка, знам за охридското и помеѓу тоа и ова се помислив. Не знаев дека ова е бугарско. Познавам личност што така се вика и на добро ме асоцира имево познавајќи ја неа. Инаку јас најмногу сум по Анастасија, чисто сакав да прочитам различни размислувања.
Познавам неколку беблиња Иларија. Преубаво име. Инаку Зарина е нашки од името ми се чини. Исто и тоа е преубаво.
Cetiri generacii, prababa mi, baba mi, majka mi i jas se vikame site na m, predlozete mi zenski iminja na m. Veke imame vo familija magdalena, mila, marija, mara. Jas go najdov imeto mira slatko mi zvuci ama mm vika bilo hrvatsko ne nase drugo da sum nasla