Многу знае маж ти. Мира се употребува на цел Балкан, а го има и надвор од него. Други: Маја, Марина, Мартина, Матеа, Марица, Меланија, Милена, Мирјана, Мирослава, Милица, Михаела.
Ме интересира по која основа ги бирате имињата за вашите деца дали по верска основа, модерни имиња или убави имиња ? Исто така мислење за имињата Петар и Павле.
Едноставно гледаме да ни се допаѓаат на двајцата, без никаква поврзаност. Петар и Павле јас ги доживувам како стари библиски, реално ми се допаѓа повеќе Петар а може и Предраг.
Јас модерни имиња не сакам сакам убави имиња било верски било традиционални за машко од верски ми се убави Петар, Павле, Јован, Јосиф и Наум. Мене Петар и Павле ми се убави имиња и Павле повеќе ми се допаѓа него Павел а во последно само Павел крштаваат. А Петар ех да бев машко Петар ќе се викав на дедо ми и да имав машко голема беше веројатноста Петар да се викаше ама се роди момиче, иначе во Охрид многу Петаровци се викаат ама пак си е убаво името.
Ти благодарам и мене повеќе ми се допаѓа Петар. Јас сакам убави верски православни имиња. Многу убаво име е Петар, а мене повеќе ми се допаѓа Павел од Павле. Сигурно имаш прекрасно име ако не е Петар.
Убави имиња. Од верска основа да е христијанско, пошо второто ми нема православно туку католичко име ама не би ставила муслиманско пример ( тие Сара не ги бројам пошо ги има и кај нас). Петар ми е преубаво, Павле онака.
Јас сакам православни имиња. Такви имаат моите деца. Не ме интересира дали имињата се чести или не. Важно е на мене и на маж ми да ни се допаѓаат. Не сакам модерни имиња. Петар ми се допаѓа. А Павле не. Може да биде Павел.
Стрина ми се вика Мирјана, Мира ја викаат и има 60 години. Мира имам и комшика има 80. На муабетот, Миа, Михаела, Матеа. Баш, сите што ги знам се постари.
И јас исто иако се чести се преубави. Точно така. Сега многу често имињата на децата се модерни, но не се верски. Има преубави верски модерни имиња. Ти благодарам.