И Јана е пречесто име, јас само постари жени познавав со ова име, ама кој како си сака. Подобро православни имиња отколку модерниве со една буква скратени. Кажано, ама недокажано.
Јас една баба Јана знам, другите се млади. Мене не ми смета чести имиња, овие што се некои измислени само за да бидат поразлични, тие ми се несфатливи. Пак ќе кажам, уште цигла немам сретнато некој да си вика од што се правиме уникати.
Подобро чести имиња отколку уникатни и да не знаеш дали е куче или дете. Или странско име, македонско презиме. Сепак ќе кажам кој како си сака. Секој родител си одлучува за своето дете како ќе се вика.
Моите деца имаат стари македонски имиња, живеам во МК и сметам дека името треба да одговара со презимето. Смешно ми е коа ке прочитам Michael Stoyanovski на пример, што кај нас би нил Михаил а не Мајкл. Смешно ми е. Од женски имиња, Лина, Касија, Каја, Кјара, Миа, Гала, ми се имиња како за куче, роднина имам Каја, така се вика кучето на комшиката до мене. И имињата на Ј / АЈ што завршуваат исто не ми се свиѓаат, сеа не Никола ама Николај, не Алек ама Алексеј, Антониј. Калин, Марин и Илијан ми се најбугарските имиња што сум ги слушнала. Што им фали на Лазар, Мартин, Јован, Петар или Јована, Мартина, Евгенија итн. Не, мора да биде Киан, Тиан, Ноа, Исак, Итан.. Итан Атанасовски, смешки, колку по уникатно толку по безвезни.
И тука се сведуваме на делот дека за вкусови не се дискутира. Зашто на секој не му се свиѓа Лазар, а ја на пример никад не би крстила куче Миа… нит па имам видено куче Миа да се вика. Може па овие со кучињава сакаат модерни имиња, па Каја го крстиле… пошо Игор Џамбазов, Бошко си го имаше крстено пинчот. И сеа Бошко за куче ли е име? На времето, Шарко и Мурџо беа поим за кучешки имиња, сеа и тоа излезе од контрола. Ај ако земам 4то куче, Лазар ќе го крстам…
Нема имиња за кучиња, туку тие имиња што се за деца ги ставаат на кучиња. Побогу, зошто миленикот да го крстиш Гала или Каја? Овие се убави нежни имиња за девојче, да не ги правиме со сила кучешки. It's not that deep, миленик е, не мораш да го крстиш со толку човечко име. Инаку на темава владее дволичност. За стари имиња ќе се потепате ако некој каже дека не му се свиѓаат и дека му се старовремски, а за нови имиња не штедите на одвратни зборови. Кучешки, бугарски, шпањолски, вакви такви.
Секој си има право на свое мислење, и да вкус е во прашање. Каја не ми е ни близу до нежно, мој вкус мое мислење. И за другите што ги набројав исто. Јас сакам македонски имиња, барем православни да се, Каја е турско име, нема зашо да би го ставала на девојче. Ако моето мислење е навреда за некого, тоа е. Форум е, може да си каже секој што си мисли.
Не се сите модерни, ама некои секогаш се ин. Адам, Алек/Аце, Антон, Боби/Бобо, Борко, Ване, Влатко, Давид, Дане, Диме, Еди, Емил, Ерик, Златко, Иво, Игор, Крис, Коста, Лео, Лука, Макс, Марк, Матеј, Нико, Нино, Ненад, Огнен, Павел, Симе, Симон, Сашо, Тино, Тео, Томи, Тоше.
А што мислите за Адриан? Бараме нешто поинтернационално, заборавив да кажам, ама во секој случај сите предлози се добредојдени, пошто мислам за машко е потешко да се најде име, ко да нема многу избор. За женско е многу полесно.
Мислам дека секогаш е “потешко” баш тоа што нас ни треба Јас треба да смислам име за женско, и сметам дека за машко има повеќе и поубави Да чекав машко, верувам дека ке мислев обратно.. и така во круг
Мене не ми се допаѓа баш Адриан. Имиња кои се интернационални и ми се допаѓаат многу, а се подзаборавени кај нас би избрала Оливер или Даниел, а може и Симон.
Лично мене Адриан не ми се свиѓа ама ако вас да ,тогаш може. Од интернационални кои се пишуваат исто во странство како кај нас јас би: Симон, Мартин, Давид, Дамјан/Дамиан, Јан, Михаел, Антон, Коста, Нико.. @Konstrakta ако некој кој има странски документи детето си го пишал Michael, тоа е заради една проста причина што го поштедиле од нервози заради грешка во пишење на името во странство. Лично мене Стефан и Филип ми се преубави имиња ама заради изговор Штефан и заради по нивно Phillipp мислам дека не би ставила на мое дете или па би го пишала во документ онака како они го пишуваат и мирна глава. Иначе Исак си го има и во наши православни имиња, Миа и Кјара се потекло италиански и никако не можи да се кучешки. Пример нашето куче е Макс, а Макс е и колега на мм, ќерка има другарче Макс, малце глупо ни е нас што ние така го крстивме кучето ама нивното име си е супер.
За женско одма можам листа да направам. Има преубави имиња што ми се свиѓаат. Ирис, Уна, Клара ми се убави, а Нина ми е фаворит сега за сега. Ме асоцира на нежно, мило детенце. Ама за машко ниту едно ми се нема засвиѓано до сега.