Можеш да одбереш друга верзија на името. На пример Матео, Матеус, Мети. Не се проблематични ни за МК, ни за странство.
Така де, странски имиња преведени на македонски, некако не ми оди. Кај нас како се пишува така и се чита, странство не е така и затоа ми нема смисла буквалниот превод што се прави од имињата.
Изоставија Ј. Имам другар во Америка, Андреј се вика или го прашуваат за изговор или Андреж го викаат.
Znaci me iznasmeavte. Ne znaev deka samo stari zeni se vikaat mira, mene mi zvuci bas slatko i kratko a ne e tolku cesto kako mia, mina, matea. Sekako fala vi na site za predlozite koga ke dojde grafceto ke ve izvstam kako se vika
Матиас. Не ја ставајте Ј воопшто. Секако на изговор сосем суптилно ќе се слуша МатиЈас каде и да оди. Мој предлог Андре. Малку профранцуско можда, мене многу ми се допаѓа, ама немавме кворум дома.
Не сум слушнала во последно дете да има име Мира ама сега кога прочитав ептен слатко ми изгледа. Исто важи и за Вера/Верица, Оливера, Оливер за машко. Преретко ги има сега, а баш се слатки и не чести.
Мене Вера ми е преубаво име исто така Анѓа, Катина, Дафина, Зарина, Петра ама се поретко ги има овие имиња сеа Миа, Уна , Клара, Каја, Матеа, Дарја и слични имиња кој мене лично не ми се допаѓаат ама кој како си сака.
Можи, јас немам сретнато девојче Петра да се вика сеа има и од овие што ги набројав ама не се толку чести колку Миа и Матеа.