И јас размислувам за име на М. И претходните 2 ми се на М и затоа ми е битно да биде на М. Име што од секогаш го сакам е Маја Лена (2 имиња). На наши простори не сум сретнала и баш ми е звучно и необично.
Секогаш сум за тоа што им се допаѓа на родителите да го стават. Е сега за овие простори малку ми е необично 2 имиња, посебно овие и како комбинација не ми се складни. Маја и Лена како посебни имиња си се одлични. Како комбинација ретко кој на детето би му се обратил со двете. Магдалена пример, како спој од двете и со сличен призвук е прво што ми паѓа на памет.
Ама во странство второ име е најнормално и не оди заедно со првото, претежно стои само во документи и така Маја Лена би било во ред ама како едно име не. Да и ја сум за Магдалена или Миона,Матеа или само Маја.
Јас те разбирам . Тоа ти иде како едно име Ана Марија, Марија Луиза, Мариа Тереса инт. А Маја Лена според мене не одговара толку многу при изговор како Ана Марија за да е едно име, да , вие посебно го пишите ама како го изговарате? Мајалена или Маја Лена? Маја пауза Лена додека и се обратиш ехее Како сакате, мое мислење е тоа. Да се стави како второ име кое се пишува во документи ама не и при стален изговор ми е ок. А како едно име не знам
Ќе те разочараме на форумов ахахха И мене не ми одат тие две.. звучи како Мајалена, не звучи како две имиња одделно и секој би мислел дека се вика Мајалена. Пример да е друго име, еве како Марија Лена.. веќе се изговараат две имиња...
А што е разликата меѓу Ана Марија и Маја Лена освен тоа што второво не сме го слушнале? Две имиња одделно и така и ќе се изговара. Ана Марија како ја нарекуваат, како и' се обраќаат? Со едното име само? Епа така и во случајот со Маја Лена.
Разликата е што Ана Марија е полесно за изговор. Маја Лена не е , важи и за Мариа Луиза, Тереса, Антонета итн. Тешки се за изговир, тие имиња ги ределе како второ име кое како што кажав го има секој во странство ама се "скриени", за да се разликуваат за која Мариа станува збор го кажувале и второто име. А како едно име не и не ниедно не ми е ок, па ни ова И наш крај од кај што сум Ана Марија се изговара АнамарИја акцентот е на И, па со тоа е и полесно
Почнав 7 месец, а уште немаме идеја за име за бебево Отсекогаш омилено женско име ми било Ана, ама сестра му на мм има девојче Ана, така да сега веќе кога ја има во фамилија, не знам нашето како да биде.. Буквално со мм немаме идеи.. Синко секој ден кажува имиња на симпатиите од школо, Матеа, Сандра, Ива ама мене ниедно не ми фаќа око некако. Не сакаме од модерните имиња како Лара, Лора, Каја, Теа итн. Ама да не биде ни Калина, Бисера, од тие постарите..
Ања? Мене Бојана ми е преубаво, ама сестра ми се вика така Инаку ќе го дадев на женскиве мои. Ана е па моја блиска прва братучетка и тоа е преубаво Моиве женски се Сара и Софија Не се ретки, ама се безвременски.. На толку мислење и јас (тешко се одлучивме и за двете), ептен сега си ги сакам
Не реков дека им фали нешто, мене ме асоцираат на стари баби тие имиња и не ми се убави, право на избор е
Ана ти е целосно исклучено? Мајка ми со најдобрата другарка исто си ги викаат синовите. Братучетка ми исто, девојчињата со најдобрата другарка исто име им носат. Најдобриот другар на маж ми, второто девојче го крсти исто како ќерка ми. Сеа последно колега од факултет второто девојче кое се роди на конкретен светец си го крсти по светецот, а сестра му има девојче со истото име. Мене лично не би ми сметало, ептен ако ти смета, иначе ако ти се свиѓа името и си го мислела долго зошто да не си го искористиш.
Не ми е исклучено, оти уште како девојче си замислив дека ако некогаш имам женско дете, ќе се вика Ана. Ама синко се роди, и за него со мм го одбравме Стефан, сакавме име со именден Сега освен Ана, не знам зошто друго име не ми се допаѓа. А од друга страна, имав две први братучетки со исто име, ги викаа малата О...и големата О... Помислив на Сара/Софија/Ања од предлозите погоре, ама што знам.. ќе се породам, девојчето име нема да има уште