Меѓу овие две - Јована . Инаку да, едното исто име е, само варијација. А има и многу убаво значење - Бог е милостив.
На мој братучед бебчето исто се роди прематурче лани, ја крстија Јована. Еве ја женска од 7м, здрава, права, машала
Девојки кои од слдниве имиња з женско бебче ви се најмногу допаѓа: Василиса Ванеса Вања Ана Богдана Надја Атаназија Далиа Олга
Богдана и Ана. Надја е исто многу убаво ама сѐ ми се чини Наде ќе биде со тек на време (вака јас за моите опции размислувам ).
Фала ви девојки на одговорите( да не ве тагирам сите) Сите имиња што ги понудив имаат значење за мм и мене. Имаме уште време за одлучување Планираме таму кога ќе се роди кога ќе ја видиме да одлучиме Од секогаш сум го сакала името Ана- некако безвременско ми е и на мм му се допаѓа. Богдана ми е преслатко а во исто време значи дадена од Бога @Autumn Love и јас се мислам дека ако е Надја ќе почнат Наде да ја викаат. Ама многу ми се свиѓа. И тоа што значи Надеж. Мада се зависи од неа. Ако не дозволи нема да ја викаат @Feniksgirl да слатко звучи и Оља
Тука си во право, вистина. Вака син ми е научен и не дозволува никој да го вика поинаку од неговото целосно име, сите ги поправа (добро, освен јас што го зезам некад со некои смешни изведени имиња ). Преубаво е Надја , и нас многу ни се сфиѓа, мада уште немаме конкретни имиња ни во поширок избор .
Ние и двајцата имаме ама уште нњ сме седнале да одлучиме. Уште сум 7ми месец. Здравје Боже да е се во ред, таму 9ти месец ќе размислиме Мада мислам најубаво кога ќе ја видиме ќе видиме кое име најмногу и прилега Ана ни е опција уште кога бевме во врска
Здраво на сите. Сѐ уште не го знаеме полот на бебето, но немам никаква идеја за име... за син ми имав премногу идеи, па ништо не излезе од тоа. Си велев ако е машко сега да си ја исполнам желбата и да биде Марко, но не знам, кога ќе зборуваме со сопругот сакам да имам повеќе идеи. Ве молам за предлози, но имиња без Ј .. значи Јован , Јована или МатеЈ, КристиЈан, АнастасиЈа,Андреј НЕ. И други букви исто не, како Ѓ или Ц, Ч. Пример не сакам Верица, Анѓа, Благица, Верче, Томче. Такоџе не мора да се странски имиња, не ми е намерата детето снегулка да го правам, само размислувам рационално, најверојатно детето нема да има иднина во Македонија, па зошто да му го комплицирам животот секогаш кога ќе треба некаде да го каже името или да му го прочитаат или изговорат. Значи другарка Марија во странство ја викаат Марижа, Благица ја викаат Благика. Јован или Јована се Џован/Џована. Еден познаник Христијан го викаат Христиџан. И не знаат да го напишат, па му го изменија и го пишуваат како Hristiyan.
Не би одела толку на далеку со странство и не знам дали има врска ама зачекав веќе неколку пати деца пишани Анна, Емма итн. За кај нас родени зборувам. За име : Сара, Максим, Нина, Ника, Нико, Илина/Илиана, Марко што ти е пишано. Лора/Лорена, Ноа, Петар итн.