Благодарам за предлозите. Сара ми се допаѓа.. Мислев на било какви имиња , не мора ултра модерно или странско, само да не содржи незгодни букви. Околу модерново именување не сум.. Баш глупо ми е во градинка имаме другарче Вилијам и другарка Меган Секако не би да претерувам со Анна, Емма и сл. Има и една Емилу запишана, ама шок кога вадат пасош родителите дознаваат дека ја пишува Emilu a, не Emily како што мислеле .
Види ако некое од овие ти фаќа око. Во предлозиве има и интернационални. Да додадам. Ана, Аника, Валентин, Валентина, Дона, Ерика, Клара, Лара, Леа, Леон, Леона, Мартин, Мартина, Нина, Саша, Теа. На овие вебсајтови за плус идеи и да си провериш значење: https://www.behindthename.com https://nameberry.com
Хахахахахха во имињава се што е забрането. Името на татко ми е тука, името на син ми, имиња на многу блиски роднини. Мартин ми се допаѓа и Иван. А сопругот е против Иван. Фала за предлозите.
Епа, ќе ти се најдат и вебсајтовите за некое име што не е меѓу нивните. На првиот имаш цели листи со имиња на разни јазици што ќе ти помогне да си го стесниш изборот.
Маж ми беше против Иван/Ивана. Демек кога ќе се пресели во Англија или Уса, ќе го викаат Ајван ако е машко. Па викам како сме тргнале со преселба во Америка, тоа едно чудо. Туку, со лесно бременоста, многу радост да ви донесе бебето.
Штета шо моите не размислиле Што ако оваа ќеркава не можат да ја изговорат по Америките... Толку НЕинтернационално име имам што после Србија не го слушаш веќе @DarkStormm Сара не умира, безвременско е кратко и слатко и секаде е исто За машки, не сум креативна ич никако
Ако е машко Марио или Давид. Не се ултра модерни, баш се и за наш простор интернационални. Јас ако имав машко едно од овие ќе го беше.
сите се убави, мене лично Ана ми е свиѓа, ама па и Аника исто ми е убаво, Анисија така на последно место од овие
Леле ние уште се мислиме имаме некои фаворити на листа ама тешко ни оди одлуката финална Јас некако осеќам страв за тоа како ќе ја крстиме пошто е одлука што треба да ја направам и да ја оцртува цел живот маж ми го гледам има некои преференци ама се труди и да ми удоволи да одлучам јас … а јас вага неодлучна, хахаха оди па разбери ме … детево без име ќе ни остане
Фала за честитките. Знам тоа ама ај барем Ајван, не е многу страшно Замисли, имам познаник Димче во Америка е шофер, вози камион.. сите колеги го прекрстиле и сега го викаат Тони, немало шанси Димче да го прочитаат и изговорат
Ние со првото одлучивме финално откако се роди Сеа ништо не ми се свиѓа да имав машко имам 3 за женско ниедно...
За машко ништо немам идеа , ако некогаш имам. Ама за женскиии. Ана Исидора Анисија Ведрана Јована Кирјана Искра Анѓела Мила Лена
Ана - пречесто Исидора-предолго Анисија-не ми се допаѓа Ведрана-не ми се допаѓа Јована-прва братучетка така се вика Кирјана-долго ќе ми го кратат на јана ,проблем Искра-не ми се допаѓа Анѓела-имам внука Мила-не знам Лена-некако старо ми е Абе на сите маана наоѓам кажав јас. Пример Евдокија ми е старо убаво и ретко амааа сите Ева ќе ја викаат не сакам. Калина ми се допаѓа мм старско било добро и за Евдокија истот го вика... Не знам
мене па скоро сите шо си ги напишала ми се допаѓаат. исти вкус имаме за имиња мојата прва е крстена по мајка ми, вторава татко и сака по него така да многу брзо и лесно се одлучивме за имиња