За Ана сум слушнала и на 22.09 дека чекаат и на 22.12 Имам неколку колеги кои имаат деца со име Ана и вечна дебата им е ова.
Хах фала па можно е ко за Марија што има повеќе баш ќе проверам знам 21 септември дека мала богородица а за декември немав слушнато
Јас овде си проверував за празници т.е имендени дали имаат имињата што ми беа во игра https://denovi.mk/ime/veronika.html
Да на огнена Марија Марините слават именден и мене ми е многу убаво тоа име. И машко и женско може да биде, пишале исто како Вања ете и како Андреа пример.
Да го ставив веќе Марина на список ем и интернационално плус а Андреа православно се води со именден не сум сигурна
Не, имаш Св Вероника, 25ти јули. Исто и за Андреа, Св. ап. Андреј, 14ти декември. Света Ана има три празници истата светителка, можеш да побараш на интернет подетално затоа се слави трипати. Главниот именден е на 7ми август. Можеш да разговараш со свештеник за овие работи, ако те бунат, ќе ти објасни најдобро
Женски само една кратка листа од фаворитите наши чисто сакав да слушнам како ви звучат, викендов вероватно ќе одлучиме ние финално … уште 20тина дена влегувам во 9ти месец Бистра Деница Вита
Бистра имам слушнато само еднаш на жена од сега веќе 50+ години. Ми се допаѓа ама за мое не би го ставила Деница од овие 3 ми е фаворит Вита исто прв пат го читам/слушам. Во последно неколку девојчиња со име Вида има зачекано.