Што мислите за Лиана? Исто Леа, Надиа, Бианка. Мора да е интернационално за пишување, поради тоа што сме во странство.
Леа повеќе од Лиана, Надиа повеќе од Бианка (единствено име што поубаво ми е со Ј) Е сеа, ја сум требала Надја да се викам, па сакав така да ја викам ќерка ми, друго име и дадовме секако, ама гледам дека ептен е во ек името Надиа.
Ми се допаѓа Лиана, може да ја слушаат како Лилјана постари луѓе вероватно. Надја ми е преубаво ова без ј имињата знам дека интернационални ама чудно ми звучат некако посебно Бианка
Лиана и Леа преубави. Само што кога ќе слушнам Лиана, прво нешто што ми паѓа на памет е Гејм оф тронс
Само јас ли неам гледано гејм од тронс Леа е баш олдскул наша генерација име, му викам уште едно девојче ако иаме Леа ќе се вика, да бе ко куче... БАЈО.
Хахаха, мене вака за Лана ми рече. Кога биравме име за ќере, имавме две од кое едното Лана, и он одма другото го избра и ми вика што е ова бе, ко за куче име
Мислам дека само ти немаш гледано.... Тотално неспоредливи ми се сега имиња меѓу деца и кучиња со оглед на тоа што знам две кучиња кои се викаат Светлана и Столе......а ќе речеш имиња за луѓе