Пред некој ден седам на тераса и слушам деца како викаат спасија спасија спасија ама онака многу гласно и група деца … и си викам леле што се случи некое дете нешто да не падна. Ѕиркам да видам што се дешава и сфаќам дека едно од девојчињата што го бркаат се вика Спасија јас мислев викаат на помош дека нешто се случува
Хахахаха го погодивме иначе од моја генерација у средно имаше девојка што се викаше Евангелија и многу се срамеше од името сите ева сакаше да ја викаат, татко и беше поп и така…
Не е лошо име ,ама многу влијае и од децата ако имала коментари... јас си го мразев моето во основно заради еден токмак шо ми го римуваше со пиперка Е ама после некако ја сфатив убавината ,сеа да не е глупо исто би си ја крстила ќеркава А , Спасија не би ставила за ништо на светов.
Мене па интересно ми е Спасија, на баба ми мајката се викала така. И Евангелија ми е убаво, значи убава вест. А пак кратките како Уна, Леа, Хана не ми се допаѓаат, баш и мене ми се како за куче. Сакам имиња со значење и традиција. Ама секој со свој вкус.
И јас сакам имиња со значење и традиција. Ама па и внимавам да не може да биде основ за зафрканција на децата ,еве ти кажувам јас барав да ми го сменат името заради тој токмак Спасија мислам дека сигурно ќе е. На мм баба се викала Параскева и сеа пошо моето предлог име е Евдокија старинско било ако е за така Параскева нека била . Знам дека само се заебава со мене ама ме нервира А такво Уна ,Леа и кое беше погоре како за куче спомнато и јас така ги доживувам (без навреда за оние кои ги ставиле на дете)
Оооу Евдокија е преубаво, православно, царско име. Избори се да биде Евдокија. Параскева ме потсеќа на Петкана, грубо, долго, ноу, ноу,ноу.
Не бе каква Параскева ,теорија нема не па пракса. Меѓу Евдокија и Исидора е двобојот. Кева тој ко ќе раѓа можи
Веселинка Е немаат осет со имињата реално, ти држи вода муабетот. Прабаба моја Параскева, Парка ја викаа. @Трагедијаупмм Убави имиња си одбрала ^^
Евдокија пак мене ми е ептен старско, не дека не е убаво. Исидора би избрала од двете. Баш пред некој ден разгледував слики од училишни денови и се замислив дека одамна или многу ретко сум слушнала некој да стави имиња од типот: Габриела, Билјана, Симона, Маријана, Емилија, Мартина итн, а во времето кога учев беа ептен чести.
Јас гласам за Евдокија и се приклучувам на тимот имиња со значење и традиција. Двете деца ми се со такви имиња (на дедовците) со мерак им ги дадовме. За првото дека е поретко име кога ќе кажев ми викаа ти нормална си!?
Исидора срцка, преубаво именце е Не сум во тимот за имиња со значење. Мене и долги имиња не ми праат мерак. Долго од типот на Евгенија, Александра, Катерина.
Имам комшика Евдокија, Дока ја викаат , Исидора вероватно Дора. И двете ми се интересни спореди и со презимето што ти звучи поубаво
Вкус и вкус. И така и треба да е. Убави се различностите, тоа што сме ние проклети па си наддаваме еден на друг со коментари тоа е од што сме такви ете никакви. Инаку под значење мене не ми беше мислата дека треба да има значење во смисла победа, дар... Не, туку мене лично нешто името да ми значи и на мм, кај нас ете по дедовците да можам да ти опишам колку беа радосни кога им кажав. Свекор ми очите му се насолзија кога му кажав дека по него ќе се вика детето. Татко ми исто. Немав притисок од никого за имињата. И плус јас сакав да имаат имендени пример.
Е баш вакви сме. Технички ко ќе видиш секое именце си значи нешто и е излезено од некаде. И сите родители верувам дека си имаат некои различни "критериуми" и шо викаш тоа е сосема ок. Тоа што јас те сфатив на значење во смисол на Спасовден да се роди па така да се крсти, тоа е мој проблем. Традицијата ми замати ум Ќере ми е Божица на Мудроста ама скроз не и е по тоа дадено името туку по градот Софија Си има и тоа причина зашо ( Не, не е направена во Софија не сум толку ненормална )
Е сеа ме упропасти со Дока ,јас се мислев Ева ќе ја кратат па заради тоа не сакав да го ставам Шала на страна 37 ма недела сум. Ќе се породам официјално име немам .
Да извини јас грешно се изразив, ама некогаш тешко е вака пишано да се искажеш да си прајме муабет тет а тет ќе се разберевме одма. Имам другарка со ултра ретко име, да знаете со каква гордост си го носи. И никако не можам да ја замислам со друго име. @Трагедијаупмм Еди ќе ја викаат скратено не се секирај