Ретките имиња ми се убави и не знам дли е некој вид на илузија но тие со ретки имиња некако посебни ги доживувам.
Еднаш на времето кога и повеќе шетавме добив "луда" идеја ако направиме дете некаде во странство да добие име кое потекнува од државата каде е направено. Демек ем за кај нас да не е чудно, ем странско Е ништо од бизнисот, не фати во странство ама не ми текна пак ќерка да ја крстам Македонка, ко тука направена.
На баба ми бабата Параскева ја викале Парушка. Јас Анисија ја крстив ќерка ми, буквално никој од мое окружување не го знаеше името, сите ми велеа ќе го осакатиш детето со името. А го одбравме одма штом го дознав полот, отворивме православно календарче и почнавме од јануари да бараме, а именденот е на 12ти јануари, прво го прочитавме и така ни се допадна и на двата. После во текот на бременоста се двоумев, ама мм ја имаше завикано Анисија веќе и бидна Анисија. Сега кога е тука ептен и одговара оти е нежниче, баш како името.
Јас малиов му дадов кратко име. Име што беше втор избор мој ама спогодба со маж мораше. Ние побожни не сме, во црква не одиме, деца не крштеваме. Името на малиов е бирано од што ни се свиѓаше. Идеме кај другар на гости прав пат со малиов, влага мајка му поклон да му дала на бебето, по црквите е многу жената. Вадење инфо женава дека малиов е роден на ден на кој се слави некоја светица со неговото име, женска верзија нели. Ја и викам абе ми се свиѓаше врска нема со тоа, не не сине Господ така сакал. Ај си викам ок е, не дискутирам на тема религија никогаш. Ама ме јаде јанѕа, отварам православен каледар, глеам стварно некоја света маченица со неговото име и тоа секоја година на ист ден, на неговиот роденден. Од тогаш тиха језа ме јаде да ти кажам.
https://www.facebook.com/share/r/19RBZmnHyu/ Еве за сите Софии ,многу ми се допаѓа ама блиска во фамилија го има и глупо е да го ставам
Што мислите за името Леона? Ви се допаѓа ли? 36 недела сум и треба да се одлучиме. Иначе во игра ни се следниве ама јас некако почнав да си ја викам и нагалено Леонче. Леона Михаела Ања Бисера Клара Луција Мелани Јоана Каја.
Слично, 36та недела сум до пред некое време се мислевме, ама сега веќе мислам и двајцата се решивме финално за едно кога ќе ја видам одма ќе знам дали е за неа или не. Некако одвај чекам да дојде и да ми почне нов циклус од животот
Во однос на темава со имиња, сега како влегов во 9ти месец сите околу почнаа тоа да прашуваат. Мене некако ми е шубе да зборам за тоа додека не ја видам здррава и жива и со мм сме договорено дека името ќе и го кажеме откако ќе се роди… абе другаркиве и луѓе околу ко за инат сите тоа им е муабетот. Вчера имав и ситуација у стил … де бе кралицата од Велс ќе се раѓа па го криете името … ја погледнав само и реков ќе објавиме кога е време. Скроз ме живцираат љубопитни луѓе а они за нивните ствари ништо што не споделуваат
Леле ова ме потсети на баба ми. Со првото многу касно ми кажаа пол пна после секој преглед што е па што е. Викам не се гледаше на секое пошо стварно не се гледаше. И рекла на мама зашо кријат што е А за името им кажував неодлучни сме и толку вртев тема (стварно неодлучни бевме како и сега ) Мм па како ме нервира ,во негово време имињата биле НОРМАЛНИ. Како пример Весна ,Зорица ,Габриела не знам ни кое друго го спомна. Никогаш господинот не слушнал за Исидора и Евдокија. Ама Евдокија му е старско ,ела разбери го
А што да те прашаат кога си трудна пред пораѓај? Па ништо да не те прашаат, пак нема да ти е погодено оти не покажуваат интерес. А ќе објавиме кога е време - реално, смешки. Ако не па, пред Бакингемската палата на постоље врамено нека е објавувањето, со сите чудесии околу од гардата. Име бе, име. Нај јавната работа во животот. И после зошто се изолиравме и станавме себични идиоти. Еве затоа. Оти никако не е погодено.
Од 10+ имиња убави пред бременоста, во бременост сите ми беа Мех, и никако да се одлучам. Буквално на бокс се мислев кое да биде и му кажав на маж после тоа. Не дека носи некое којзнае какво име, туку не знам и јас што мислев. Од друга страна кај мене свекрва на сите кажала термин цел месец подоцна од реалниот. Демек не треба да се кажува точно, тежок пораѓај, не знам што... Кај предвремено стаса моево, плус и фактот што сите знаеле и месец плус на тоа, може да замислите кои паники беа дали е во ред детето што толку рано се родило. 100 повици со прашање за тоа добив. Инаку некако спонтано доаѓа да прашаш дали имате име смислено. Или кога е термин или некои такви општи прашања. @Трагедијаупмм , ако на двајцата ви се допаѓа Евдокија, зошто да не. Искрено јас пред би избрала Габриела отколку Евдокија ама тоа сум јас. Не значи дека секој треба да го дели моето мислење.