Те јаде зашо го мислиш Мајка ми и мм имаат исто име, и именденот им е на мојот роденден. И мајка ми 6 години ме тера да му го славам именденот на маж ми. И се раѓа Софија и одлучуваме дека нема да ја крстиме и нема имендени и мајка ми тажна Ееее па ај почни на зетот именденот да го славиш, да се собереме де Викам... РОДЕНДЕН МИ Е ТОГАШ, ќе се собереме и онака. @Трагедијаупмм извади му значење на Исидора Напрај му јак филм и Исидора ќе биде. Жена си
Во ред е и да немаш одлучено. Ќе кажеш се мислиме меѓу неколку (можеш две, три да напомнеш) нерешителни сме и толку е одговорот. Ама да правиш голема работа оти некој те прашал за името, непотребно пренамагање. Други работи од бременоста не се ни за прашување, ни за споделување, апсолутно, ама името, па и пред пораѓај, сосема нормална работа да се праша. За свекрви и слични суштества на нив, нема да коментирам
A zosto da se kazuva imeto predvreme? Ic ne e normalna rabota za ime da prasuvaat pred poragjaj. Moze da prasa kako sum, kako ja teram bremenosta, no za imeto ne gledam pricina.
Мене лично Леона не ми допаѓа, од листава сум за Бисера и Јоана другиве ми се ептем модерни јас сум повеќе за старовремски имиња.
Епа еве кога ја отворивме темата ќе ти кажам зошто, за да знаеш и за понатака во животот можеби да не се најдеш во ваква ситуација. Минатата бременост ја изгубив многу доцна во 5ти месец, за тоа дете имав именце кое сега каде и да го чујам ме потсеќа на него. Името за мене е ознака и во мојата глава е поврзување. Немам против про форм да уз муабет прашаат размислувате за име, имате фаворити итн ама да инсистираат и упорно да прашуваат не се осеќам убаво. Кога ќе ја видам здрава и жива тогаш ќе ја крстам и сите околу нас ќе бидат известени за новиот член на семејството
Знаев дека ќе го кажеш ова оти те имам прочитано, ама нема врска... Сепак, дефинитивно, луѓето во денешно време, многу значење си даваат сами на себе за куп тривијални работи, па затоа сме и таму кај што сме. Оттуѓени и себични.
@Baby warrior едноставно ја заобиколуваш темата. Јас не ни знаев како ќе се вика, само одговарав Не знаеме уште и толку е. Секој си има различни искуства ама не го сфаќаш толку лично и тоа е. Од едно уво влага од друго излага. Тие што инсистираат има решение исто , малку подрско ќе одговориш. Кажи им ќе дознаат од Фејсбук. Не се замарај едноставно А ја сфаќам и Еми, тоа е сосема нормално прашање ако го изземеме фактот од претходното искуство. И јас ги прашував другарките, имаше такви шо кажаа дека Не кажуваат сега, изненадување било. Ок, почитувам. Само уживај си у бременоста, тоа е
Па на денешно време кога сме во ера каде тестот прво се става на форум или инстаграм,па се открива пол со забава,па фотосесии за инстаграм,спремање цели соби и ормани со алишта пред да се роди бебето, името искрено и не е така страшно ако се каже пред време.
Стојам позади ставот дека не секому треба да се открие името за бебето. Па и полот на мизерни радознали души. Јас се најдов во ситуација во која фамилија од сопругот мораше да знае дали носам син или ќерка. Тогаш уште не знаевме што е сигурно, ми кажаа машко ама не се гледало баш баш убаво, па кажување муабети како внуката им плачела ако било машко, ќе немало си кого да си игра. Утредента знаеше дека ќе одиме на преглед и најверојатно ќе го дознаеме сигурно полот, маж ми дочека порака од само три збора. Беше: Дефинитивно е машко? Ни дали е се во ред, ни бутур. Плус, не сме ни толку блиски. Второ, за името може само на најблиските. И тоа на оние со усул. Конкретно, јас кога кажав за името кое одлучивме, а бев прашана, одма коментари. Ааа како онај глумецот, аа ние тогаш тоа славиме.. Океј, вие си знаете, шо сакате прајте. Едино пруфатливо решение кога се прашуваа име е :аха, убаво име. Се друго е грдо. Колку и да не ви е убаво името. И мене Мич Стојанов не ми иде, па не им каажувам така. Сами се оттргнуваме затоа што си земаат луѓето за право сешто да искоментираат. Снегулка не сум, ама ако направиш да се осетам лошо, нормално ќе бидеш на диштанс.
Ние сеуште немаме смислено име, при крајот ќе одлучиме, сеуште ни е рано, како што пиша Бејби погоре, прво да ја видам, па ќе и дадеме име.
Ааааа, не!!! А, ако им го украде некој?! Они го мислеле да биде специјално, уникатно... и некој пред нос да им го земе. Ц!
За едно од имињата што ги имавме смислено добив коментар “ама курвинско”, извинете на израз ама баш овој коментар го добив. Со особата веќе не разговарам. Исто добивав повеќе коментари од типот “е што баш тоа име”? “Кај баш тоа ви текна” и слично. Јас многу се нервирав за овие недолични коментарчиња, па затоа откако одлучивме за име, освен на моите и неговите, на сите други им викав уште не знаеме, не сме одлучиле. До последно. Воопшто не ми беше важно да го кријам името дур се роди и слично, јас количка и креветче во 16та недела купив и на сите раскажав, па за името ми дошло. Ама од вакви коментари престанав да го кажувам името дур не се роди ќерка ми.
Многу слично, мене многу близок роднина ми ми рече за едно од имињата кога споделив ау ич не ми се свиѓаат така нема да се вика внука ми сигурно you bet!
Да бидам искрена името на внука ми и после години не ми се допаѓа. Не дека ни беше порано соопштено или да убедуваме да сменат. После раѓање го кажаа, си имаат луѓето причина зошто е тоа име ставено и крај. Си порасна детето, си го носи именцето, си се навикнавме ние на тоа име и толку. Пак ќе речам, името е некое што ни во најлуд сон нема мене да ми текне и да го ставам на дете ама никогаш не сум рекла сменете го или кај го најдовте или не знам каков недоличен коментар.
А, наместо да се нервирате навреме да си кажете дека нема да одлучите за име до самиот крај на бременоста? Веројатно нема да прашуваат ако се пресече пред да им текне.