Ааааа Е добро, сте си имале вие муабет значи ахахах Баш е убаво Исидора Моево не се и крати, иако е со 6 букви. А првото машко Теодор, Тео го викаме сите. Некои имиња ми се за кратење, а некои не..
Јас ставив име што не се крати и на крај сами си направивме 200 верзии со продолжување на името и различни надимци.
Ја ставив име што може да се скрати на два начини само и прво доаѓање од болница дома само мајка ми и свекрва ми … и мајка ми ја зима и почнува со скратеното, јас еден поглед и се сецна и вика … убавица на баба … какво убаво име имаш не го кратиме баба и така суптилно си ставивме ред дека преименување нема да сакавме другачие на кратко ќе ја крстевме, 6 букви се не се 12
Е и ние некогаш Сара си ја викаме Сарче и Сарита Сарче од милост, Сарита бонита, Сарита чикита на шала хахахаха А Софија е Софи од прв ден Софи нагалено и Тофифи (дека ни е слатка ко благото)
А да затоа го сакав ама мм не сакаше. Инаку имам Марина другарка ,Мара ја викам некогаш (ко ќе ме нервира најчесто )
Јас ич не си го сакав името како дете и сега го имам прифатено, океј е не е лошо име... ама има многу поубави имиња Дете Марина (годиниве) никогаш не сум сретнала
Хахахахаха реално прејако име, требало така И она ќе си вика Јасумдора Преслатко именце иначе. За Дора ќе се тепам и јас А за кратење Софија ми е : Софи, Софка, Софче, Софичка. Ако викнам СОФИЈАААА, заебала нешто
Чекајте да ви кажам една смешка од пред некој месец на другарка детето се вика Младен / не ме прашувајте зошто ете така решија … и пред некое време бевме на еден роденден и едно од децата му вика… какво е тоа име Младен … никој не се вика така … и детево се врти и вика ете такво е … јас се викам Младен … ти се викаш Матео и уште 50 други деца во школо се викаат Матео, Младен сум само јас ја стојам од страна и се смешкам, одам на маса кај другарка ми и викам Младен е дечко не е веќе дете