Баш е убаво. И мене повеќе овие имиња што порано се користеа почесто и се православни, ми се поубави од модерните сега што се. Вкусови, секој различно ќе ти каже, вие одберете си како ви се допаѓа.
Олга е православно и воопшто не е од модерните имиња. Баш напротив, порано често го давале и сите што ги знам со тоа име се веќе тетки/баби.
Мене многу ми се допаѓа името јас сум повеќе за вакви ај да ги наречам старски подзаборавени имиња него модерниве имиња кои сега се многу популарни. Иначе и ќерка ми старско подзаборавено име да не испадне дека само охрабрувам на форум .
Не сум го слушнала на дете да се дава одамна. Ама се повеќе и повеќе ми се допаѓаат овие подзаборавени имиња. Така да јас сум за.
Баба ми се викаше така. Прекрасно православно име со руско потекло. Секогаш им велев дома зошто не ме крстивте како баба ми. Сакам ретки имиња. Јас велам ДА за името
Многу ми е звучно и убаво, женската верзија на името се асоцира со постари тетки затоа што порано било многу почесто давано, но машката излегува на површина - има неколку момчиња што сум ги сретнала со име Олег. Кога сме кај постарите имиња, многу повеќе ми се допаѓа Олга отколку Калина на пример, не затоа што Калина е грдо име, туку стана ептен често.
Калина, Дарја, Јана, Јаков, и ред други кои што сега се актуелни... на времето тоа беа Ана, Марија, Симона, Наташа... стварно немам сретнато мало девојче да се вика Наташа
Благодарам на сите на одговорот за името Олга, он го спомна името најмногу затоа што мајка му се вика така и премногу ја почитува па ако е женско да го носи нејзиното име, во нејзина чест. Жената е ѕвер, људина, борец, што се нема преживеано во животот, последно и со рак се соочи ама го победи! Јас лично сум на средина, don’t love it don’t hate it. Јас да бирам најверојатно не би го одбрала, но го разбирам. Јас доколку е женско сакам да биде Андреа, него не му се допаѓа баш. Ќе размислиме добро и ќе се договориме здравје, има многу убави имиња за бирање, а којзнае можеби на крај и Олга ќе биде.
Мене баш ми се допаѓа. Такви имиња какви што носеле нашите баби и прабаби, од типот на Олга, Лена, Вера ми се баш убави сега.