Ако ми даде Бог ќеркичка, во согласност со сопругот, кумот или кој и да е, би ја крстила Каја. Многу ми се допаѓа името. Омилено име за момче немам..
јас син ми си го крстив Христијан според Христос затоа што имав многу тешка бременост ама помина некако и затоа што бог не чуваше и двајцата од лоши работи
Си имам една Мила, ако некогаш во иднина имам уште деца би сакала Варвара и Калин.. можеби и Дамјана..
За женско ич немам инспирација, ниедно не ми е посебно убаво. А машко, ако имам 1 ќе се вика Владимир, а ако се 2 едното Владимир а другото Сергеј.
Ако имам син дефинитивно ќе се вика Давор А за женско или Ена или Теа (ич уво нема да ме боли ако кумот и таткото се бунат )
Преубаво именце,нека ви е здраво и живо бебенцето инаку тоа е едно од моите омилени имиња од машките и Даријан,Димитриј и незнам зошто се вљубив во Павел А од женските Ерика,Дарија,Ема......
Син ми се вика Трене и има 5 години , пред некое време пребарував на интернет на оној сајт за статистика на женски и машки имиња и нивна застапеност , па така на ниво на држава ова име го има дури 39 пати Кој сака да си проверува http://www.stat.gov.mk/Iminja_Preziminja.aspx Поздрав
Внук ми се вика Алексеј! Најубаво име! Бидејќи за скоро ќе го дознаеме полот... Машки: Лука, Марин, Анастасиј, Евгениј Женски: Габриела, Викторија, Анастасија, Катја
Јас се уште не сум мајка, ама си имам размислувано какво име ќе му дадам на моето дете. Јас имам навистина уникатно име и можам да дадам совет на родителите кои им даваат така баш карактеристични имиња на своите деца. Не дека си го мразам името, ама сакам да било пообично, почесто име. Еве нешто што ми пречи, иако презимето ми е сосема обично и многу често, комбинацијата од моето име и презиме е навистина ретка и кога некој ќе ме пребарува на интернет веднаш излегуваат резултати за моите профили на интернет, тоа не е неопходно лошо, ама јас не сакам такво нарушување на приватноста. Затоа ќе му дадам пообично име, не некое кое е многу ретко. Друго, кога ќе размислувам за име за моето дете сигурно ќе биде некое кое нема Ј затоа што луѓето од странство не знаат како се чита, а ние немаме добра транслитерација на оваа буква. Исто името нема да содржи букви кои немаат соодветна замена во англиската азбука, на пример ЉЊЅЧЌЃШЏ, ова е многу тривијално, но сепак сакам детето да ми има космополитско име, односно да може лесно и исто да се пишува на латиница. Друго, неизбежно, ако дедовците и бабите инсистираат и се муртат ако не е крстено по нив, ќе пробаме некое име по нив ама кое ќе ги содржи овие барања од погоре. И на крај, симболиката, многу ќе внимавам да не е некое име кое го носеле некои кои не се баш позитивно опишани во историјата, и најважно да не е познато име по некои порно актери, на тоа особено внимаваат странците кога даваат име прво проверуваат на интернет да не има некој порно актер со тоа или слично име и презиме.
Ако е женско имаме одлучено за името Ангелина, а за машко (а можеби е машко) немаме одлучено иако ми се допаѓа Алексеј