Не сакам да коментирам за имиња на деца, и тука баш сум пишувала дека секој има право како сака да го вика детето. Ама ова? ПаННче? Зошто две Н? Зошто со сила се правиме чудаци?
Во контекст на ова во групата на ќерка има Анна, Емма. Освен што ми паднало на памет дека се спремаат за во друга држава или децата се во друга држава родени, друго објаснување немам.
Ама и во друга држава да е, ајде Анна и Емма така и се пишуваат во оригинал во странство, на латиница ќе бидат, ама од кој јазик излезе ова Паннче да ми е да знам.... А како ги викаат по име...не можам да замислам завлечено Ана и Ема....
Да не бидам хејтер и јас, одма нели секој за се' се наоѓа уврезџен ама стварно испозабегавме со имињава. Ан- на дојди ваму молим те, Ем-ма те чека дупла буква океј ако си у странство шо вика членката погоре, за у Македонија ми е шознам. Сега скоро гледав по слики на фејс, Евдокија Катарина чинам беше. Или Евгенија Катарина, нешто така. Знам така си сакале, нивно право ама чудно ми е. За до душа и на моето можда му е некому чудно, па да сме живи здрави. Да имаме за шо муабет да си правиме де.
А паннче во странство како ќе биде? Ко со печатна грешка, се напил таткото пред да го упише во матично и пишал две Н. Инаку немам стварно проблем со необични имиња.. грчки, англиски, шпански, какви сака нека се. Ама ова не е ни необично. Неписмено е.
Што мислење имате во денешно време за името Горан? Под притисок сум така да се вика, а никако не може да ми слегне.. ни малку не ми се свиѓа..
Не ми се допаѓа многу името, ама пак буквално сите Горановци шо ги знам се супер луѓе. Нема лош Горан
Истоооо. Не само што не познавам лош Горан, туку сите Горановци што ги знам се срциња. Од мене поддршка
Твое дете е колку и да те притискаат, крсти го ти како што сакаш. Името не е лошо, ама некако одамна не се става на деца, немам сретнато човек со тоа име а да е помлад од 1990г. Мене повеќе ми се допаѓа Горазд или Горјан, ако мора да е нешто во тој стил..
Не ми е лошо името искрено, ок е. Од таа генерација е кога имаше Горан, Дарко, Бобан, Синиша, Игор, Ивица, Дејан, Бојан. За мене многу поубави имиња од Лео, Маи, Таи, Каи. На крајот од денот, ако не ти легнува името, немој така да го кратиш детето. Името на детето отпосле секако ќе ти биде најубаво на свет, ама штом од старт ти е но, но , немој.
Скроз утешително хаха ни јас не познавам лош Горан ама ми е многу застарено името и значењето “планински човек” не можам Сопругот сака по татко негов, и не е дека не почитувам ама ич не ми легнува името, а и искрено сакам да си има свое име детето… Скоро сум пред пораѓај и сега стварно ме фаќа страшна паника дека ако е така нема да можам да се поврзам со сопственото дете… не дека стварно ама не знам како е да не го сакаш името на детето