И јас прееска баш го видов и ептен се зачудив, дури и го вратив назад да прочитам пак.. мислев дека ми се причини дуплото Н Еве незнам што да мислам
Добро ништо лично само се надоврзувам на твојот пост. Ама навистина не ми е јасна оваа традиција ли е обичај ли е, децата да се викаат исто како свекорот или свекрвата. Според мене нема поголема глупост. И кога ќе викате по тоа име кој да се заврти детето или дедото. Зошто едни те исти имиња во фамилија да се вртат? Од мене едно големо НЕ за ова. Сметам дека секоја личност треба да си има различно име од останатите во фамилијата. А за тоа да се договорат родителите. А не друг да кажува. Или пак мажот само да му се исполнуваат желби а жената само да го роди.
мене ми е океј, подобро од Каи, Иан и сл. ама ако тебе не ти се свиѓа не го ставај, најдете компромис
Исто, не ја разбирам поентата.. демек почит. Според мене почит е самото тоа што внуче добиваат.. не знам. Не знам ни од кај потекнува оваа традиција, детето си е своја личност нема што да треба да носи име за цел живот да мисли дека треба да достигне нечиви очекувања. Епа тоа е работата, што другото име што ми се допаѓа воопшто не е од овие модерниве, туку е нормално име што се користело и во мое време.. ама ќе видиме
И јас сум за Горјан. Или да смислите некое сосема друго, Бог да чува од тоа дете да било по дедо или баба крстено. А зошто да не е по твојот татко туку по неговиот? Немој друг да ти наметне име што не го сакаш за своето дете.
Пријателка беше во иста ситуација како тебе, само не Горан, туку Зоран. Потпадна под влијание на сопругот, прифати да се вика така и еве 9 години поминаа, ниту еднаш му се нема обратено на детото со Зоран. Вика не ми дава срце така да го викам, не ми е Зоран мене. Секако го вика, Зозо, Золе, Зоце, Зокче, само не Зоран/Зоки (така свекорот го викаат). Вика не можам и не можам. Сама си кажува дека и ден денес и е криво што прифатила да стави име што не го сака на детото што таа го роди.
Шегата за Горановци настрана, мора и тебе да ти се допаѓа името. Свекор ми сам велеше дека не сака крстење деца по баби и дедовци, демек тоа е нова индивидуа и заслужува ново име, нова енергија. Одберете си некое кое и двајцата со сопругот го милувате
Постојат други начини за твојот сопруг да си го испочитува татко му, а тоа не е наметнување на име кое тебе не ти се допаѓа. Сепак ти си му мајка, девет месеци го носиш, цел живот за него се грижиш и твојата волја и желба не смее да се игнорира поради некоја застарена наметната традиција. Бог знае колку мразам наметнати имиња и вршење притисок врз жената и мило ми е што со сопругот одлучивме детето да си носи свое име за кое и двајцата сме се согласиле. Јас сега за второто имам фаворит меѓутоа бидејќи не му се допаѓа на маж ми ќе си најдеме некое друго, чак што више тој е оној кој сака понеобични имиња.
Немој да прифаќаш! Не раѓаш дете секој ден па ајде за едново ќе правиме компромис наредното ќе е по мое! Децата се продолжение лично! Јас никогаш нема да прифтам име што не е во склад со моето семејство, со вредностите што ги негуваме дома едноставно треба да одговара на целокупната слика на твпјот живот. Мојата ќерка има име кое кога ќе ја погледнам целосно се совпаѓа со нејзиниот изглед, нејзиното однесување и моето чувство кон неа. Заедно го одлучивме со сопругот и никој од најблиските не знаеше како ќе се вика до денот на раѓање. На некои луѓе не им се допаѓаше го забележав тоа по односот, на некои им се допадна многу, специфично е. На нас двајцата најмногу на свет и тоа е најбитно Немој да се најдеш во ситуација да размислуваш за поврзаноста со твоето дете само ради името, немој да си го правиш тоа на себеси, ова е твојот живот, нема реприза
@Larea немој да попушташ. Твое дете, ти го носиш 9 месеци, ти ќе го раѓаш и ќе се тресеш над него, нема што да прифаќаш име што не ти е убаво. Башка што и да е убаво името, многу ме нервира што се наметнува да се даде име по свекор или свекрва. А што е со родителите на жената што го носи тоа дете, зошто да не е по нив крај краева? Како и да е, децата се засебни личности и треба да си имаат свои имиња а не по баби дедовци.
Фала ви многу на сите, ќе стојам на тоа дека сакам свое име да си има детето. Ниту традицијата ми е јасна, ниту во моја фамилија тоа се практикувало. Ниту пак сакам детето по надимак само да го викам.. Првото си има преубаво име, воедно мажот и тоа го предложи затоа што ниедно мое не му се допадна.. А за ова еве сега неколку медеци наназад ми се уврте едно име и баш би сакал тоа да биде, па ќе видиме (него нормално пак не му се свиѓа) . Искрено се надевам , дека ќе биде тоа што сакам преубаво ми е името
Истото го зборувам, преблиска сум со моите чим јас не форсирам ниту пак они ми наметнувале ( а не ја ни разбираат таа традиција) , нема потреба исто име и презиме да носи како некој. Стварно мислам дека после тоа се очекува да достигнува некој друг тоа дете пошто ете името го носи..
Да си го крстиш детето како сакаш ти, чим тој го крстил првото. Не знам што очекува тој, само да му климаш со глава и да немаш желба и мислење за своето дете? Горан не е лошо име, ама не ми е за дете од денешно време. Има стари имиња што се timeless да се разбереме, ама Горан не баш.
Искрено јас не би прифатила,јас на моите две деца ставивме име што и на двајцата ни се допаѓа. За првото не знаевме до 21 недела што е и имавме веќе 2 имиња за машко и женско,заеднички ги избравме и сега си имаме две дечиња со тие имиња,по што првото ми беше женско и веќе го искористивме,за второ бравме само женско име во случај ако биде женско имавме јас 2 и мажот ми 3 од тие 5 ќе влечеше малата кое ќе се паднеше тоа,ама сите 5 ни беа и на двајца да ни се допаѓаат. А можам да ти дадам идеа кажи му го на првото тоа име што ти се допаѓа и нека му каже на татко му
Џабе малиот кога го прашував како ќе се вика бато кажуваше две имиња од другарчиња од градинка што воопшто не беа лоши, ама маж ми викаше не ни разбира што го прашуваш