Истово си го мислев пред некоја недела, имам другарка трудна 9ти месец и се туфка за име и демек ај ма предложи некое убаво.. штознам не ми се свиѓа ништо посебно освен на ќерка ми најубавото а ретко е така да сигурно нема другарка ми да го стави
За ќере одбрав ретко име. И сакав да е такво. Во завод за статистика проверив дури колку е ретко хахахха Мене мисла ме јаде, за второ како ќе најдам исто така ретко , убаво име. Кажи за машко сакаш? Да се активираме да најдеме хехехе
Пол уште не знаеме, па барам и машки и женски. За првото мислам уште од дете тоа име го имав одбрано, не мислев дека ќе раѓам второ, да смислев тогаш и за второто.
Од православни македонски се тие.. а православни од други држави или ете христијански да речиме, а ретки во Мк: Арина, Алиса, Инес, Ливиа/ Ливија, Карина, Сина, Федора, Касија/Касијана, Искра. За женски има туку за машки тешко Гаврил по нашки немам слушнато во Мк, иако тука кај што живеам може да се слушне често Габриел.
Колешка пред 3-4 години, баш си го крсти детето Гаврил. Инаку и мене ми беа сите имиња мех, кога требаше да бирам де. Сум немала никогаш некоја замисла или посебно врзување за име. На крај бидна по празник блиску до роденденот.
Има секако, не можи да не се најде некој со тоа име ама не е толку популарно, како Михаил пример. Освен Адам, Аврам, Натанаел или ептрн некој црковни не знам кои се тие ретки имиња не знам што точно бараат членкиве, па и за женски имиња Рахела, Калиопи, Кармен.. шо поретко од ова Не знам јас не се мислев многу за имиња
Јас од машки некако го имам зацртано Витан, здравје во животов ако се решам за уште едно и бидне машко, ми делува мн убаво и за дете и за маж и значењето нели цврст, снажен. Имам комшиче Нолан, интересно ми звучеше кога го чув иако ми е странско некако, ја прашав комшикава што значи ми рече нешто како шанпион / секогаш прв некако така
Сакав да ја крстам ќерка ми Леона и не можевме да се согласиме со маж ми па изборот падна на друго име.