Во моментов ми текнува на две девојчиња Кирјана, искрено не мислев дека е толку ретко . Еве денес на threads (не ја разбирам апликацијава ама сепак ја користам), ми излезе бебенце Рафаел. Желбата за уникатност на модерниве родители крај нема .
Ќе ти извадам јас мене што ми се допаѓаат по азбучен ред.. Може ќе дадам на некој идеја.. Женски: Аделина Алиса Бисера Божица Валентина Ванеса Глорија Дарија Емина Илина Ивона Јана Каја Клара Лана Мила Матеа Наташа Нела Петра Тара Тамара Фросина Машки: Алекса Артјом Бора Божидар Вукашин Дарио Емин Емануел Илија Јаков Јордан Лукас Лазар Мате Методи Никола Немања Симе Теодор Тадеј Урош Христијан
Како најчудно име кое го имам слушнато ми е Парашка, струмички крај, сосема е легитимно особата да ги тужи своите за овој злочин. Ако имам ќерка ќе се вика Дона (Donna).
Имаме ние Рафаил име во православни, Архангел Рафаил исто како што е Архангел Михаил или Гаврил, само што не верувам некој од постатите да се вика со тоа име . Рафаел е католички.
Ако сакате ретко име ставете некое од имињата на миленијалците оти никој не ги става веќе. Од женските Наталија, Габриела, Марија, Александра, Христина, Даниела, Катерина, Јулија, Емилија, Ирена(Ирина),Елена. Од машките Александар, Петар, Јован,Михаил, Стефан, Никола, Димитар, Григор, Глигор, Атанас, Мартин, Кирил, Методиј(Мето), Даниел,Борис.
Ирина, Леонора, Ивона, Мартина ми се убави за женски. Леон, Лука, Матеј ми се убави за машко. Е сега ако се роди на празник, на име, ќе го носи името на празникот. Верувам дека децата родени на име се веќе со име родени.
Сакам и модерни и интернационални и христијански но не сега овие Василиј, Атанасије.. За женско мислам ќе е полесно да најдам, машките ми се проблем. Лука, Мартин, Михаел, Виктор од таков тип на име сакам.