Наместо Јован можеш Иван, ќе го викаат Ајван. Цепки, ама боље е од Џован. Наместо Дамјан, можеш Демијан (Damian). Или нека е Даниел/а. Со ова бар нема проблем ни за женско, ни за машко. За да не се мачиш, повели на линковиве пребарувај си имиња и нивните значења. https://www.behindthename.com/names/list https://nameberry.com/ https://denovi.mk/iminja/
Се во ред, ако на пример се роди 03.6. или ќе е Коста или Елена, Јелена, инт. Во таа смисла зборам. Инаку за секој индивидуално сепак.
Секој нели за своето дете си одлучува. Мене оваа коинциденција би ми значела дека сепак е некој знак што би укажувал на тоа детето да се вика Васил/Василија или некоја изведеница од тоа. Не сум екстрено суеверна ама за одредени работи/знаци верувам се со причина. Инаку бидејќи низ темите ги имаш споменато имињата на девојките, преубави им се .
Секој може да крсти како сака, јас лично познавам Емил и Уна православни, Ема муслиманка. Клара моја не ја прави името катољкиња.
Секогаш ми било и уште ми е фаворит Борјан, ама на маж ми не му е баш нај нај. Он за синко ги предложи Михаил и Виктор, од тие две Виктор ми е поубаво Михаил никако. Мене освен Борјан, ми се допаѓаат Дамјан и Иван. Што мислите вие за сите гореспоменати машки имиња?
Искрено, Михаил ми е најубаво, па Виктор, па Дамјан. Борјан и Иван така така. Ама глеј си тебе кое ти е на срце, тоа е најбитно. И по малку и на маж ти де .
Иван и Дамјан ни беа во топ 5, за синко. Јас сакав Иван пошо немам до сега сретнато околу мене детенце со име Иван. А ако родам второ машко ке биде или Виктор или Лазар, ова го кажав уште синко кога се роди
Михаил или Михаел над сите овие, или Миха наједноставно ко што ми предложија погоре мене, но кај мене од блиски луѓе е зафатено тоа именце. И Виктор не е лошо, ама знам еден Виктор Вици го викаат, тоа не ми се свиѓа.
Ние се мислевме помеѓу Михаил и Дамјан, на крај пресековме Михаил, мене лично и ми беше фаворит Михаил. Ќерката се вика Ангела па ќе имаат именден во ист ден.
Михаил и Дамјан се многу чести сега. Сите што си ги пишала се убави, Борјан и Виктор се убави а не толку чести денес меѓу децава. На Виктор му давам предност зошто е интернационално
Борјан и мене ми е многу убаво, Виктор и Дамјан на второ место, Михаил ми е океј, Иван не ми се свиѓа.
лелеее ова сум си го пишала во 2022. И сега после 3год и на мене и на маж ми многу ни се свиѓа и сакаме така да се вика
Мене ми се допаѓаат Михаил, Давид, Иван. Давид некако и кратко е (нема да можат да му го кратат) и универзално - секогаш го имало и ќе го има. Ми се допаѓа и Наум ама мм го неќе затоа што му асоцирало на Охрид (немам ништо против охриѓани ) Што мислите вие?
Убаво е, Игнат познавам ама со на крај не. @poker_face Давид е убаво не можам да кажам дека не е убаво име ама лично мене не ми е нешто. Михаил ми е исто убаво ама Мики? Колку дома да ги викаат Михаил, кога од страна ќе кажат Мики одма не не. Еве денес е Св Јоаким, сигурно има дечиња со тоа име ама јас до сега немам сретнато малечко Јоаким, големи да и баш ми е убаво. Од женски стари имиња некој бараше ми текна на Ефимија
Токму и од тоа се плашам, да не го викаат Мики. А особено постарите така се научени да кратат, не знам баби дедовци, а ке ми биде глупаво да им кажам да не го викаат така. Исто и Адам нешто ни се врти во глава, а сега и тоа е доста актуелно име, а кратко, има доста мали дечиња Адам што се викаат.