Моите 2 деца имаат имиња што не се кратат, јас не сакав да им го менуваат името. Адам не е лошо, Давид исто.
Знам двајца Давидовци што ги викаат Дадо, Даки . Нашиов народ е многу креативен кога станува збор за имиња и кратенки. За кратење колку ќе дозволите вие, толку ќе го кратат. Син ми има подолго име, ама тој самиот ги поправа сите ако го кажат поинаку. Не е навикнат бидејќи по дома го викаме со цело име. Иначе од наведените имиња сите се убави .
Другарка има синче Михаил, Михо го викаат. На брат ми синчето е Миха, нема кратење тука, веќе е скратено и никој поинаку не го викнал. Плус, зашто да ти е срам, штом некој му го смени името,кажи си дека не се вика така. Ќе си научат старите.
За машките имиња, јас имам впечаток дека се повеќе се ставаат пренежни имиња. Некако се губи мажественоста, тоа слатко бебувче еден ден ќе стане возрасен, згоден маж и греота е да се вика Тео, Лео и сл Борјан, Дамјан, Давор, Стефан, Иван, Коста, Михаил, Марко...тоа се сепак помажествени имиња
Предложете машко име да си одговара со Дамјан. Син ми се вика Дамјан за мене лично најубавото машко име. Сакам убаво машко моќно име а некои нежни Тео Лео и сл.
Кузман, во ист ден се слави со Дамјан. На Д буквата - Даријан, Дарио, Давид, Даниел Во лето гледам ти е термин, што има и именден тогаш Иво, Иван, Павел, Петар, Илин, Илија, Илијан
И ќерка ми, и син ми имаат скрос ретки имиња, од син ми сега го почнаа во мојот град, инаку мислам дека беше буквално единствено. Ќерка ми исто, генерации и генерации, немам сретнато такво.
Мене Борис ми е многу моќно име. Не знам зошто во последно време многу ми се допаѓаат постари имиња Милан ми е исто симпатично.
Во последниве 3-4 години повеќе Милан имам сретнато, па и Борис, Душан... Вака што би рекле старски имиња ама баш ми се силни.
Мојот е Михаил и досега никој не му се обратил со Мики. И нема зашто да ти биде глупо да им кажеш дека не се вика Мики ако некој му се обрати така