Војдан баш ми се допаѓа.. е сега братучед прв детето му се вика Војдан он е веќе голем нашколо е. Му викам на мажот ми тоа ми се виѓа име и баш ми иде со Дамјан он ама незгодно е имаат веќе братучед ти уникатно им е. А они се во друг град и многу ретко се гледаме а и мислам дека не би направиле проблем напротив и нивниот Војдан баш би се радувал златно е детето. Што мислите вие?
Прашање на вкусови, Војдан ич не ми се допаѓа. И сите од тој тип на Ведран Борјан Војдан, од никогаш не ми се допаѓале. Ама секој за себе, битно вас да ви е убаво. Искрено Ведран ми е сепак подобро од Војдан, чак и Кузман ми е подобро од Војдан Плус Кузман и Дамјан на ист ден ќе им биде именден, нема поубаво.
Исто и мене тие имиња што ги наброја Трабл не ми се свиѓаат... иначе јас лично не би се лутела ако моја брачеда крсти дете како моето, искрено баш и се израдував кога пријатели ама не толку блиски ни кажаа дека ја крстија ќерката Нина по наша Нина оти од секогаш им била посебно дете.
Не гледам зошто би направиле проблем. Ем мислам дека ќе им биде кејф ако си кажете дека е по него, а и да не е па на крајот на денот може да ни се дооаѓаат исти имиња. Јас не би се лутела со сестра ми исто да ги крстиме децата, а не па со братучед не се секирај, крсти си го детето како ви милува душата
Нели И јас секогаш ги поврзувам имињата со луѓето, и мене би ми било мило ако некој крсти дете, според имињата на моите деца.
Дамјан и Војдан ме потсеќа на кошаркарите близнаците убава комбинација ама Војдан не ми се допаѓа лично мене баш, а исто така ни Кузман. Ведран ми е подобро, Дарин исто ми е убаво што ми одговара со Дамјан, Давид, Јован, Даријан…Инаку нема врска што имате во фамилија, на мм прва братучеда го има крстено детето исто како мм. Сепак твоите втори братучеди ќе бидат, не е нешто мн близок род.
Они не го поседуваат името. За да не ви е незгодно, прашајте ги за мислење. А, на вашето дете можете да му додадете и средно име за да нема забуни при викање во иднина.
Каков проблем ако сакате исто име? Не им е патентирано името. Јас не би ставила на две деца имиња кои во ист ден би имале именден. Еден ден тие деца ќе пораснат, ќе створат свои семејства и сакам едно кај друго да си одат на имендени. ( ако ги имаат и слават)
Мислам дека нема да се налутат, ама ете ако си живеете убаво, можете да ги прашате. Гласам за Војдан скроз
не нема да се налутат, мажот ми шо мрчи повеќе Нели си одговара преубаво Дамјан Војдан и дадите се Меланиа и Марија Други имиња што ми се во игра се Јован , Ведран. Иван. Богдан. Јаков .
Па не одат баш Дамјан и Војдан ама имињата не мора да одговараат. Не се близнаци. Неодамна запознав едно малечко момче со моќно име, Томислав. Баш ми се допадна.
Не знам во која смисла да одговараат, ама ако тебе ти одговараат така да си го крстиш А мажот ако мрчи само заради братучедот а не заради името нека не откачува Од тие што ти се во игра Војдан, Ведран и Иван мене ми се топ 3, иако сите ми се океј. Јас лично немам проблем со никакви имиња освен модерните измислени како, не знам прво на ум ми доаѓа Кирјана или Каја (се извинувам однапред ако некој има дете со тоа име)
Ако не се лутат тогаш не е проблем. Особено ако не сте блиски. Мене лично Јован, Иван и Ведран ми се далеку поубави од Војдан, ама тоа е мој вкус.
Леле премногу ми се допаѓа имево да би имала уште едно девојче би се викало Кирјана,Ведрана или Деница Преубави ми се старинските имиња
Баш одат двете имиња едно со друго Мој предлог е да не се замараш ни малку кој што мисли, најважно е ти како мајка да си ги сакаш имињата, па што кажува народ е скроз небитно.
Можеби јас сум грешка, се извинувам, така ми звучи не знам зошто и тоа ми текна прво, а има и други што ги сметам за помодерно измислени од тоа на крајот на денот битно е тебе и мт да ви е убаво. Еве ние одбравме име што демек нема да се мислат луѓе како се кажува/пишува, па многу луѓе со друг акцент го кажуваат од тоа што ние си ја крстивме и мислев ќе ми смета, ама не баш хаха