Ало мислиш на тие од типот Зои, Каи, Гаиа, Риа и слично, и мене не ми се допаѓаат. Но секој со својот вкус.
Е овие да, не ми текнуваа примери и кујзнае од каде Кирјана ми дојде хаха Каја ми е најголем пример за ова ама мене тоа име ми е проблем затоа што пред да почнат деца да го носат знаев 3 кучиња со тоа име, и секогаш на куче ме асоцирало хаха ама тоа си е мој проблем на крај краева
Така ти се погодило тебе Мене ми е ок тоа име, не ме асоцира на куче зошто има една песна српска за Каја па може затоа
Војдан, Јован и Богдан ми се убави. Маж ми вика од овие имиња Јован било најубаво тој за него гласал.
Хаххаа ме изнасмеа и мажите сте ги вклучиле Да и Јован ми е многу убаво плус термин ми е 5 јули 7 јули е Иванден денот кога се родил Св. Јован ако се сложи мажотми за Јован може и тоа да биде.
Истото и јас го искоментирав еднаш тука за Каја како име Плус Каја е турско име, машко име, ама тоа е, на некој му се допаѓа.
Убаво име си одбрала Војдан Лично мене убави ми се и Иван и Богдан. П.С. Можеби датумот на раѓање ке си го одреди името, како што кажа и ти 7ми јули раѓање на св.Јован Крстител (Иванден) и името Иван
Мажотми се сложува за Јован. па ќе видиме има време. ќе ве известам што сме одлучиле. у меѓувреме давајте предлози можеби ќе се најде некое сосем трето хахах. Инаку да ви кажам денот кога дознав дека сум бремена тогаш беше актуелна песнава за Максим Димитриевски му се смеев му викам стиже Маааксиим и така го завикавме еден период не ни знаев дека ќе биде машко А убаво ми е и НИКО да речам од пократките имиња тоа ми е многу убаво машко име. Ме потсеќа на среден негуван згоден паметен дечко
Секоја генерација си носи свои имиња, како на времето Сузана, Весна, Зоран, Горан и слично. Ако на некој не му се свиѓаат новите имиња, на некој не му се свиѓаат па старите. И не знам што е толку дека морало уникатно да биде и никој така да не се вика, тогаш ќе мора ПЛАКАР да го крстам детето, зашто немам сретнато некој така да се вика. Крсти си го детето како мислиш дека најубаво ќе му стои, јас така ја крстив, и толку совршено и стои, па баш ми е гајле дали пола држава така се вика.
Имам другарка , ја имаат крстено Кирина по дедо и Кире. Пошо на Кирјана нешо му фалело. Читај на свекрвата и фалело нешто у глава. Кирина име е уствари? На гугл искача само КирАна ко име од грчко потекло.
Па модификации од имиња имаш колку сакаш де. Особено ако ,,мора” да е дете крстено по нивното височество, баба или дедо. Ние имаме пријатели, каде свекрвата се вика Грозда. 2 месеци несакаше да го види бебето, зошто не носело нејзино име
Јас имав среќа мојата она не сакаше да и го носи името Сеа, не дека е лошо име, Славица, ама постаричко е веќе. Плус многу сака Цаци да ја викаат, а јас па ич не сакам такви кратенки. А и свекорот е со исто мислење, ако беше машко - или здравје за второ. Момчило е он, Моцо го викаат
Свекор ми има убаво старо име. Ама болна ќе паднам, на него име дете нема да ставам. Никој нема спомнато, јас да знам или слушнам , да збореле дека на нив име сакале или зошто не сме ставиле.
Они дури директно ни кажаа - можеби мислеле дека ќе тераме адети, зошто сестра ми така го крстија големиот внук, ама јас сум од помладите генерации, не ме интересираат тие работи Па и да кажеа обратно, секако немаше да се деси хахах
Kaya е турско, значи карпа. Kaja во некои европски делови се смета како деминутив од Катерина, а на други места се смета како варијанта на името Гаја.
Гаја го читам по странција го ставаат многу, шо е за мене лично интересно заради потеклото на името. Ама не знам дали е за ова поднебје.