Не ме чуди. Можеби родителите се алергични на „ј“ или им е од очајна потреба детето да има нешто невообичаено.
Зошто ги уништуваат имињата на децата не ми е јасно. Во Германија Маја исто Маја ќе ја читаат. Непотребно стварно. Истото го мислам и за СараХ и Анна.
Реално, Гаиа ми е тешко за изговор пошто те мава на Гаја а не е Гаја. Уште тогаш Дац кога кажуваше за внука му ми беше втф. Секако, секој со лични преференци.. За Маиа немам коментар.
Како тргнала работава шо се враќаат старински имиња од наши баби/прабаби, ништо чудно нашите внуци да се викаат Зорица,Светлана, Весна, Елизабета,Гордана,Зоран,Горан, Благој
тие модификации варијации некои кратенки измислувања нови имиња само да се уникатни се глупости невидени само се бламираат и испаѓаат смешни. За жал утре да му се смеат на името на детето. Кирјана е милион пати по убаво од Кирина. Тука кај што живеам дедото се вика Кире и ќеркаму си ја крсти нејзината ќерка Кирјана ама не по дедои туку од што и било убаво името. Еве за женски да речам стари и не толку стари имиња Симона Моника Ивана Катерина Вероника Адријана. Ренатка Ангела Наташа итд. Се преубави имиња ама немам во скоро сретнато да е некое девојче крстено со овие имиња. а преубави се сите.
Реално, многу од овие имиња имаат навистина убаво значење, и ќе се вратат во употреба, како што се враќа модата за многу работи. Веројатно кога Зои би станало преупотребено, ќе стане помодерно и ептен уникатно Живана/Живка.
Родителиве во обид да се што повише уникатни, стануваат очајни со измишљотините од имиња. Зои, Каи, Маи.. А пак коа ставате машка верзија од женски имиња Ти(ј)ан, Калин.. Погрди се отколку имињата за миленичиња, Леа, Теа, Деа.. Кирјана баш е топ именце Уопште не личи за старовремско. Мене лично многу ми се свиѓаат за женско - Иларија, Калија, Каја, може и Дарја, за машко - Јаков, Анатолиј, Дарјан, сеа симпатично ми стана и Миха
Многу, да имав машко беше во игра и ова. Јоаким има во градинка кај ќерка ми баш се изненадив. Има ли некоја како мене што се кае за името на бебето? Исидора е ,ама кога ќе слушнам мајка свекрва исиДоорче... коса ми се крева или дора да ја викаат Ми иде да и го сменам
не е лошо име Исидора, мене баш ми се допаѓа ќерка ми е Татјана, многу ми беше страв да не ја викаат Тања, ама искочи полошо, кога беше помала не можеше убаво името да си го каже и се викаше сама Тана, сега сите ја викаат Тана што е врв полошо него Тања, дури и ја се приметувам некад дека се заборавам од што слушам
Незнам доколку се роди на 2 јануари како што е закажан царски дали да си го крстам бебуш според денот Игнатиј. Малку ми е тешко имево за изговор или дека немам некој што се вика така па затоа и ми е чудно
Па, не си законски обврзана да му го дадеш тоа име. Ако сакаш, можеш да бидеш ко модерните мамички и да му ја дадеш шпанската верзија Игнасио. Или да звучи балкански, Наце. Таман кратко е. Едино лошо е што може на други да им звучи старинско и да му се потсмеваат. Се претпоставува дека името значи нешто огнено, но ние и онака си имаме име за тоа, Огнен. Може да ти биде опција ако не се решиш за Игнатиј.