Е кај мене и поголемата така си скрати сама ама кога потпорасна да може да си го каже веќе со сите се караше дека не е така туку е вака. Сега само баба и ја вика скратено и тоа пак понекогаш знае да и се лути Ама ова Дорче
Секое име нагалено некако ќе го сменат, и мојата ја викаат Нинче-Балеринче,Ниненце и па не е кој знае каква болка. Е Клара потешко може да и сменат ама искрено мислам во врска со името на ќерка ти е малце претерано, крај краева кажи, за НинЕ кажав јас не смее уште од почеток. Александар да е и Аце да го викаат би се лутела ама Исидорче, пошо ниеден во клас нема Исидорче да ја вика не е страшно
Многу се смеам. Чекај сеа да ти кажам уште полошо. Син ми е Алекс. Толку ми е убаво, моќно и кратко. Александар ми е многу убаво име, ама јас сакам кратки, секако Алекс ќе го викавме, па што само долгото да му стои во документи, решивме Алекс. И така новороденче, си го викавме бебули. И бебе ко секое бебе евентуално почна да гуга… и почнавме да го викаме Гугули. И си го викавме Гугули со месеци, не само кога се обраќавме на него, туку и кога зборевме меѓу себе за него, да си го сфати детето тоа како име. По улица луѓе се чудеа кога ќе го викневме. Еднаш памтам ќерка ми трча по него и вика Гугулииии чекај!! И една баба се заврте и таква зачудена праша Гугули?!?! До негде година ипол скоро 2, беше Гугули и никако не можевме поинаку да го викнеме. И некако после почнавме Алекс да го форсираме и го исфрливме Гугули. Она кога од милост сам ќе си напраиш “полошо”. А да биде иронијата поголема многу мразев менување на името и на ќерка ми и дадов име кое не може да се менува. И пред некој месец, дознав дека во македонскиот јазик иако постои името како Ирис, истото има и друга верзија - Перуника. И сеа нејзи толку и се свиѓа тоа што почна да се преставува ко Перуника и не тераше по дома така да ја викаме. А колку бев оптеретена со прво дете името да биде она што ќе и биде дадено и да не се менува од други луѓе, а тоа самото дете си измислува надимаци( пред Перуника да стане актуелно, не тераше Ајрис да ја викаме и така кажуваше дека се вика). п.с. Татјана е многу убаво име и одамна го немам слушнато. Знам само една, многу мила девојка со тоа име и ја викаме Тати.
Лелее хахаха и ние така на големава со мајка ми и татко ми почнавме гугу пошо гугуткаше многу и нив им остана така кога прашуваат она што прави ама не и се обраќаат така, а ние муно (мајмуно) и си остана така ама пак и тоа не и се обраќавме дирекно неа и фала Богу проблем немавме хаха а малава не знае да каже Клара вика Тада и големава сега Тада ја вика
Е ве читам за именцава и се смеам другарка ми го крсти Лазар и го вика Лази викам зашо бе така, ми вика па да не биде Лазе
Си имам јас траума или комплекс како и да го кажеш исто е. Една мајка на соученик воедно и комшивка ми го римуваше името со еден зеленчук па тој кажа на други соученици и некои 4 г така ме викаа . И си го мразев името И сеа ова Дорче на коњче или магарче ме потсеќа @Baby warrior ами кај Лази таму Лазар ,за една буква Не знам зошто им ставаат долги имиња па ги викаат накратко...
Та долго, та кратко име да ставите на детето пак ќе најдат начин да му го извртат со предолг или прекраток прекар. Моето име има 5 букви, а прекарите ми варираат од 3 до 7 букви.
Мајка ми пробува некако да и го изврти името и на ќерка ми а просто е неможно од името нејзино али она наоѓа некои начини али не и оди јас само ќе ја погледнам кога ќе ја рече така и прекинува демек добро нема веќе од милост е Јас мразам кога ми го кратат името или нешто пробуваат нагалено да ме викаат, а многу си го сакам името и значењето и се а постаро име носам ама мајка ми ми текнува како дете дека мн често ме потсетуваше колку убаво име имам и колку убаво значење има … исто и за ќерка ми ќе биде и за нејзе одбрав поспецифично име македонско и нејќам да и го изменуваат
Moeto ide tamu. Non stop go gledam imeto na skafceto i se cudam shto e so roditelive..Maia be.. shto ke mu faleshe da e Maja se prashuvam.
Можда омилена песна им била пна Маииа ху, Маииа ха, Маииа хаха.. Како идеше само нанана, нума нума јеј Грозна сум, знам.
Леле ме пресмеа со Гугули ама малце ме подисплаши за имево на бебево бидејќи и јас и мм ја викаме на сто безвезни начини но еден начин најмногу. И дадовме име што е со 4 букви и не се крати ама по дома дека се роди дебелка почнавме да викаме дека е деМбелка и бидејќи е нели бебе го извртевме до беМбе и така дур си збориме еден со друг си викаме “Каде е бембе”, “Што прави бембе”. Мора да го искорениме ова хах.
Не бе какво плашење, се работи исклучиво за милост. Од што ти е толку милно на душата, ти доаѓа да го викаш како ќе ти дојде. Немаше син ми никаков проблем, на пример тој си се вртеше на сите имиња чак и на Алекс иако најмалце така го викавме. И еднаш само одлучивме со маж ми да не го викаме веќе Гугули, дали 2 дена праевме грешка може и толку беше. Иначе уште знаеме да му речеме гугуљакос тортуљакос, тоа му остана. Мора и некоја траума да се пренесе. Мене баш ми е криво што толку се стискав за ќерка ми да е политички коректно се со името. На крај и со неа пуштив душа и ја викам како ми е мило. Иначе ако се плашиш дека бебето нема да си го знае името, еве да ти кажам дека не е тоа никаков проблем. Претходно живеев во Грција. Таму име се дава на крштевка и тогаш почнуваат бебето да го викаат на име, а крштевка обично прават на 1 година. До тогаш е бебе ако е машко и беба ако е женско и до крштевка уште мислат кое име да го дадат. И кога ќе му дадат име бебето за ден, веќе почнува да се врти на името.
Старо име со убаво и моќно значење - константен/непроменлив, цврст, упорен. Повеќе ми се допаѓа во споредба со Константин или Костадин, кои сепак ќе бидат скратени како Коста. Во последниве години во Србија многу го ставаат имево, кај нас повеќе деца Константин имам сретнато, иако и тоа е реткост, така што ако сакате детето да има поретко име, мене ми е супер избор.