Незнам ни јас шо сакам само гледам барам и сеуште немам некое така да ме освои хахаха . Никита убаво ми е ама на домашниве блискиве и мажотми не им свиѓа. и не сум одлучна а времето си мине 5 месеци ќе летнат ко ништо
Никола е убаво име се додека не почнат кај нас да го викаат Кољо, а во странство да мислат дека е женско
Јас да ви кажам, ќерка ми ја именував старо старо унисекс име. Има некој деде нејзин имењак во прилепско селце некое, дали е уште жив незнам... Инаку во регистар не постои... Е сега пазете, Светот на Биби и Боби извадиле карактер т.е. играчка со името на ќерка ми, Зарија Додуше, ќерка ми е Зариа, за да не ја викаат Зариџа во странство..
Зарија ми беше во листа на имиња на моите бејбис. И за сите идни деца имам такви веќе спремни имиња заборавени одамна. Добив машко па си има име кое е од стар завет и во мк регистер е под 5, скоро сите блиски беа као ?? ама си давам име кое мене ми е најубаво а не да и се бендиса на од вујна ми комшиката.
И јас за ќерка ми добив прашање зошто така сме ја крстиле мн модерни имиња имало денес ова нејзиното подзаборавено а ние баш имаме приказна околу името со маж ми што мн ни значи, подзаборавено преубаво име е. Зариа знам едно девојченце преслатко на познаничка баш е ретко исто. Сега правевме муабет пред некој ден со мм абе како и стои името и си го носи најубаво на свет ќерка ми, никако другачие не можам да замислам да се вика а имав уште две имиња на крајната листа што ми се преубави ама ова си е нејзиното баш за неа … целосно ја опишува во секоја смисла мајкина и среќна сум што баш така одлучив мм остави ма мене се двоумевме на крај меѓу две
Ајде може ќе имаме имењачки Кога бев бремена тука во темата кога пишав баш онака ?? коментар имав за името... Баш вака пријатно ме изненади ти, што ви било во листа @Autumn Love ✨тенкју ✨ @LiquidLuna баш пред некое време гледам во Биби и Боби имаат карактерче Зази, Зазулче и викам еј ама слично, зошто јас Зазе, Зазуфче ја викам... Ама сега со Зарија врв, ме зезаше @mariz дека баш како мојата е со 4 раце све да фати Ништо чудно да е инспирација мојава зошто ми се е чини се следиме со некој креативен директор што им е кујзнае... @Baby warrior Колкаво е девојчето? првпат слушам дека има и друга Зариа
Дефинитивно инспирација им е твојата Зариа Да би го знаеле значењето на името, мислам поразлична би била плишанава играчка
Изгледа сега тргна во школо, како да видов дека беше прваче, познаничка ми е девојката од скроз некое друго друштво на маж ми другар па другари негови хахаха / изгледа она е Зарија со ј
Баш гуглав, има во Македонијава неколку Зарија, изгледа дека без Ј барав јас па не ми искачале предходно. Нека е жива, здрава, и со гордост да си го носи најубавото име ✨
Здраво женски, мојот термин е окулу голема Богородица ии си размислувам дека доколку се роди на празникот ќе го крстиме по празникот, иако не го знајме полот сепак си размислувам. За женско некако ми е Марија, аа за машкоо Марјан не ми е баш, како би го крстиле, или кои имиња слават именден на Богородица? Да ми предложите некои..