Двете ми се убави со тоa што секое второ дете во моја околина е Јаков. Алексеј одамна немам слушнато.
Преубави имиња и двете, не знам за кое би се одлучила, можеби Алексеј за нијанса ми е поубаво. Лично би ги избрала поради тоа што, како што пишаа членките, имам приметено дека баш овие две имиња се премногу актуелни овие 2-3 години. Ако вас не ви смета тоа, go for it.
На кој период мислиш? Јаков познавам многу дечиња кои имаат по 7-8-9 години, што значи дека и порано било актуелно именцево, не е баш периодов. Алексеј исто така, само што поретко се сретнува од Јаков (според мое мислење). Мене Алексеј ми е преубаво име.
Мене лично Алексеј ми е поубаво од Јаков, иако е почесто. Мислам, без разлика колку е често, поубаво е од некои уникатни и единствени типа Миан, Сиан, Шијан, Зијан итн.
Божин баш ми се свиѓа, една другарка имаше термин за Божиќ и баш кога бараше предлози и го спомнав ама не и се свиѓаше
Споделете жени, традиционални, христијански женски имиња, по можност пократки. Син ми спомнува Маја, внучето Софија, маж ми Теа. Не можам нзс да најдам од предлозиве. Секогаш си мислев дека ќерка ми би се викала Мила, Јулија, Дарија, Лилија, ама сега нешто не ми лепат.
Може по некој празник во близина на терминот за пораѓај, да разбараш во календарче. Инаку Ана, Нина, Ника, Ива(на), Марија, Ева...