Имиња за вашите деца

Дискусија во 'Бебе' започната од Bisera.Sk, 9 февруари 2010.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.836
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Дуња, Аника, Мила
     
    На tambelina и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  2. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    906
    Анѓа, Вера, Ива, Искра, Ирма, Срна.
     
    На DaisyDoo и tambelina им се допаѓа ова.
  3. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски
    Ања, Олга, Мина , Елена, Марија, Каја, Јана

    Софија е секое второ женско дете овој период во моето окружување
     
    На Mother of 2boys и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  4. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Сара, Јована, Елена
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    860
    Елена, Лена, Лина, Ирина, Искра, Мина, Кира, Леона, Неда, Надја, Ива, Вера, Аника
     
    На Anaroz1 и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.282
    Допаѓања:
    38.757
    Пол:
    Женски
    Од предложениве, Маја е многу убаво име. Подзаборавено, ама убаво.
    Би ти ги предложила Ана (класика, никогаш не излегува од мода) Ева и Марта.
     
    На Anaroz1, forumce и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.337
    Допаѓања:
    42.656
    Пол:
    Женски
    Maja:l:
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    15.345
    Пол:
    Женски
    Мене Софија ми е безвременско, секогаш ми е модерно а и преубаво. Маја ми е некако заборавено, и ме потсеќа на 80тите генерации. Теа ми е баш сега овој период модерно. Јас би Софија или Теа. Ако решам второ и пак е девојче, Софија ми е во потесниот избор.:D
     
    На Ladyme и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    6.606
    Пол:
    Женски
    Од предложениве ми се свиѓа Теа е сега христијанско е и Дора ама не е православно :) во Грција мн го користат.

    Некако овие месеци мн другарки ми се породија и ставија се кратки именца, Ана, Ена, Лена, Леона
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Лена, Елени, (Ника, Кира и Миа ми се убави ама секое второ е со тие имиња, барем во моја околина), Бисера ми е преубаво, Роса, Дена скратено од Деница; ми се во тесен избор ако имам некогаш девојче, здравје; Нина, Ина, Ена, Дина. Сирма старо македонско име, мене ми е преубаво.
     
    На DaisyDoo и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.711
    Пол:
    Женски
    Не е кратко, ама Дениција.
    Сретнав девојче со имево и одма Петре М. Андреевски со Дениција ми дојде пред очи. Моќ, љубов, нежност, сила. Се собрано во името на едно девојче.
    Си викам зошто не ми текна на имево за малово, ама па добро неа сестра и и избра име и баш и прилега.
     
    На Sunrise!!! и merriel0 им се допаѓа ова.
  12. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.536
    Тука ќе ви пишам пошто нај активни сте. Другарка е 7ми месец трудна. Машко. Цела бременост и помина во нервози зашто свекорот напиња детето да биде крстено по него. Разговаравме многу пати, и во повеќе наврати и кажав дека треба да си одлучат тие со маж и. Е сега проблемот е тоа што и маж и сака да се вика бебето како татко му. :drunk:
    Јас веќе не знам што повеќе да ја советувам, ѕвони, се нервира, не сака да се кара со свекор и, и некако има страв да му се спротистави. :x
    Тука и не е крив свекорот, али ајде.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    1.471
    Пол:
    Женски
    Наместо да се радуваат за внучето они за името напнале, толку проста работа. Другарка беше во буквално истата ситуација, не прифаќаа ни друго име на истата прва буква. По многу нервози попушти и го крстија по свекорот. Иако е во океј односи сега уште има омраза спрема начинот на кој се понашаа. Ај ќе речеш како и да се вика нека е живо и здраво, ама мајката е таа што го раѓа, го гледа, се жртвува, па уште стрес за името. Мажот е крив во ситуацијата, како сега му е сеедно што гледа жената негова како се нервира во најранливиот период. Срам да им е. Иначе ако не е толку старовремско името нека попушти друго не знам, не верувам на крај да излезе со такви луѓе или нека направат компромис по првата буква…
     
  14. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    3.391
    Старовремско име или најмодерно на свет, зошто да попушта жената ако не сака? Немам намера да долевам масло на огнот, ама јас овие наметнувања ги доживувам многу навредливо кон жената.

    И тоа како е крив и свекорот што подбуцнува, а за сопругот немам збор кога не сака да ја слушне жената.
    Јас би била во состојба да се разведам ама нема да им го направам меракот ако и мене не ми се допаѓа името и немам симпатии кон него. Познавам семејства со пресмешни старски имиња ставени на дечиња само да се истера таа патријархална традиција.

    Ужас, остави ги младите да му се радуваат на животот бе...ц.ц.ц...
     
    На Panda00, Mazegin, Amelia. и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Radana

    Radana Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Леле какви се приказни има.. Јас познавам една мајка која само што дозна дека е бремена свекорот им кажа дека ако е машко ќе го носи неговото име, ако не нема да разговара со нив повеќе.. И што се случи, новиот татко рекол океј супер, еве не мора да чекаме да се роди уште од сега не мора повеќе да комуницираме.. 8-|

    Ама тука треба да настапи сопругот кој треба да си ја заштити бремената сопруга и своето неродено дете како пријателов.
     
    На Miss666, strelec231992, An43 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Orhideja 93

    Orhideja 93 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво дали може да ми предложите машки имиња наши македонски убави но да немаат именден...
     
  17. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.536
    Колку вакви приказни имам чуено. Дури има ситуации каде што се подмитува синчето. Ќе ти оставиме куќа и стан ако внучето се вика како свекорот.
    Не знам искрено што е со стариве.
    Тие кога биле млади си го направиле нивниот избор, остави ги сега младите тие да си го живеат животот како што сакаат.
    Бидејќи здравјето, почитта и взаемното разбирање се многу побитни од тоа како ќе се вика внучето.
     
    На Radana и MeowMeow им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.253
    Допаѓања:
    83.840
    Пол:
    Женски
    Да смисли некоја варијација за слично име, да е нешто што ќе одговара за двете страни?
     
  19. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Факт е дека родителите се тие што треба да го изберат името, без никакви притисоци од ничија страна. Сепак, мене лично не ми се допаѓаат новите, ултра модерни имиња па кога ќе слушнам какви се нови имиња има си мислам подобро името на свекорот и свекрвата него тоа. Јас сум такво дете што го добило името што го избрал свекорот по неговата мајка и иако ми е жал што мајка ми немала право ни каже што сака (ниту пак ја прашале :() не би си сменила името.
    Јас си сакам стари, традиционални, баш да звучи на име, а не некоја кратенка од нешто.
    Женски: Васка ( Василија), Кира (Кирјана), Мира, Љиљана, Рајна, Сирма, Ленка, Елена.
    Машки: Виктор, Петар, Милан.
     
  20. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    860
    А може да се изведе некоја верзија од името, да е помодерна а сепак слична?
    Веќе кога е отидена работава натака бар така да си истера некоја нејзина желба. Или две имиња да му дадат на детето, името на дедото како средно име.