Другарка ти наместо да има страв, нека земе да загрми по маж ѝ и свекор ѝ. Ако она има родители, нека ги убеди да ѝ помогнат во комуникацијата (доколку ги има и се на нејзина страна). Ако ова е можно, тогаш татко ѝ за инает нека рече дека он сака да биде крстено по него за да се препоти свекорот. Свекорот нема право да одлучува за името на нивното дете, а и мажот нема право сам да одлучи за името на детето пошо не го правел сам. Ако пак свекорот збори за тоа, тогаш треба да прекинат контакт со него засекогаш и да не го гледа внучето. Нека го принуди маж ѝ да бира меѓу неа и детето или татко му. Можеби тогаш ќе се свести. Друга опција е разумен компромис. Детето да има некоја помодерна варијанта на името или две имиња (едното по нејзината желба, а другото да биде варијанта од свекоровото).
Зашто мора секогаш да е по свекоротзашто да не е по мојот татко...такви стари мислења ми се Пред да бидам бремена свекрвата спомна детето прво да се вика по свекорот ми(не го познавав,беше починат)имал убаво име(старо старо што да ви кажам)Одма и кажав нема шанси,мое дете,јас како сакам така.И тука имаш прича како она крстила дете по некој чичко на свекорот ми(тоа е маж ми,наместо да го модифицираат они исто,и ден денес му викам можеле барем малку модерно да ти го сменат). Јас кога сум се родила пред 40 години мајка ми сама си го фала името и баш ми е ретко и среќна сум за тоа иако имало некои дофрла по баба,дедо,ама не попуштила. Така да мислам дека и сега се може како сакаат младите така,нивно дете си е,а старите колку сакаат нека се љутат. За двете имиња си ставив ние како си сакавме и тоа се модерни
Јас пак обратно, ако имав машко многу сакав да се вика на свекор ми кој иначе е починат и носи убаво име и понатака сакав да се споменува името, но сопругот и свекрва ми беа против тоа, на крај испадна женско и ја носи првата буква од името на свекорот сосема случајно не беше намерно името, но на сопругот и тоа му сметаше ама на крај попушти.
Не гледам поентата во тоа децата да носат име на дедо/баба, спомените на нив може да се негуваат на друг начин... Името треба родителите да го изберат не треба никој да им се меша, а и двајцата треба да го сакаат тоа име, а не да е желба на едниот.. Инаку на дм и мене уште не ни и е ни на план дете, ама за име веќе знаеме која ќе биде првата буква и тоа на сите деца иста прва буква ќе биде, двајцата имаме име со иста почетна буква и од тука ни е идеата сите да имаме иста почетна буква. Алексеј е најубаво.. А за другите две подобро Теодор или Вукашин отколку кратенки..
Од понудениве, Алексеј. Сѐ почесто среќавам Тео во последно време и општо, кратенки дадени како имиња и не ми се допаѓаат воопшто. Тео е слатко за бебе ама не ми оди за возрасен маж никако.
А на пример зошто Алексеј а не Александар? Преубаво мк име ми е или имаме пријатели Алекс го дадоа пошто секако Александар ќе се крати нагалено овие со ј на крај од стално ми се проруски
Мене Вук ми е најубаво и ако имам машко дете некогаш, така сакам да ми се вика. Алексеј е убаво ама е секое второ дете последниве 2-3 години. Тео е убаво ама не ми е целосно име некако. Теодор мн повеќе ми се свиѓа.
И мене Александар ми е преубаво машко име ама ниту една кратенка како Алек или Алекс не ми се свиѓа. Едно време сите се викаа Андреј сега дојде на ред Алексеј можи понатака Сергеј ќе им биде во мода.
Тео и Вук се кратенки и мене не ми се свиѓа кога нема име туку некоја кратенка. Подобро како што пишаа Теодор или Вукашин ама најбитно вас да ви се свиѓа.