Не е многу старомодно. Барем е македонско име, а не измишљотина. Знам пар што детето во 2025 година го крсти Гоце. Нека не изумрат македонските имиња. Името не го прави човекот.
И мене името ме асоцира на љубов повеќе од цвеќе. Мене па многу ми се свиѓаат постари имиња. Јас те поддржувам. Пред некое време негде видов дека бебе крстиле Гордана, тоа на пример не ми се свиѓа колку сака нека се горди што ја имаат
А какво име е тоа Љубена? Никогаш не сум слушнала, глаголска придавка е, ама име? Ништо не му фали на Љубица, убаво си е името.
Штознам, мислам го имам чуено ко име Мене ми е баш нежно. Алтернатива од Љубица, не дека е лошо тоа или па ќе судам некој со такво име, туку јас не би.
Може истиот другар го имаме хахахах ама во машка верзија е океј Љубен / Љубин, во женска се уште ми е старомодно. Љубица ми е дури и полошо од Гордана искрено. Гордана е пак од 70-80тите, Љубица ми е ептен од 40тите име и иако има и од тоа време убави имиња Љубица е можно да биде предмет на потсмев зошто е старинско. Јас пре би оставила здравје за машко да биде Љубен/Љубин отколку девојче Љубица. Ми текнува на Веган Вики ќеркичката Љубљана тоа е некако ете ново, подобно на Љубица да речеме и не е така лошо. А на тема Гордана, мене Гордан како машка верзија ми е преубаво име. Од друга страна, пак Дијана ми е убаво постаро женско име, а Дејан ми е скроз безвезе. Или Илина женско ми е преубаво, Илија ми е старомодно. Што знам, некои имиња звучат убаво на машки, но не на женски.
Доколку премногу ти значи и го сакаш името тогаш сè друго е неважно. Бебето е твое и на тебе останува за име да си одлучиш, на луѓето никогаш нема да им угодиш ни со модерно име ни со некое кое се користи векови.
Па не мислам дека девојката прашува заради околината, туку за тоа дали некогаш девојчето би можело да биде предмет на потсмев зошто денешните деца се сурови. Реално не треба побудата да биде нам да ни се допаѓа туку на детето да му се допаѓа бидејќи тоа ќе си го носи името цел живот. Имавме во генерација Благојка и цело средно беше предмет на потсмев со името и си го смени после 18 години. Јас воопшто не би гледала тука угодување на околината ниту сум јас битна кое име ми значи. Еве и братучетка ми си ја крсти малата по баба ни Галена и името многу и значеше, па уште во градинка ја зезаа Галена разгалена и некои глупави досетки и детето трауми си направи од тие зафрканции.
Може ние најубаво име на свет да дадеме па тоа на детето да му е најгрдо еден ден кога ќе порасне, како ќе сме сигурни? Да чекаме до 14 години па ќе го крстиме како што тоа си сака? Име што тебе ти звучи лошо и смешно на некој друг може да му е баш убаво. Угодување е баш тоа, да му се допадне и на вујкото, тетката, комшиите. Оти ако на другите им е смешно и глупо одма детето е со трауми хах. Кој да го прашаме да е толку битен да даде име ако не е мајката најбитна? Имам поназад кажано на моето дете ставив име кое во регистер го немаат ни 5 луѓе во мк па никогаш не помислив дали ќе си го сака името и дали другарчињата ќе му се смеат. Немам комплекси ниту страв од тоа како моето дете ќе биде прифатено со тоа име зошто знам оти баш тоа сум го избрала, тој совет го дадов и на членката. Ако нашле да се смеат на Галена кое патем е преубаво име ќе се смеат и на Македонка и на Костадинка, луѓето се полни со предрасуди за имиња и тоа постои само на балканов и никаде на друго место.
Најслично до ова ми падна на памет ЉубИнка ,такви три познавам, исто Вељанка се млади жени ...да не кажам девојчиња
Галена е многу убаво име и мислам дека е доста често од 2017 па навака имам другарка кај синчето имаа 3ка во градинка Малена, Галена и Илина Познавам девојка Галина 85та генерација е, по мајка е Русинка.
Давид мене не ми се свиѓа, меѓу Јован и Војдан и двете ми се преубави ај нека биде Војдан поретко го има бар во Охрид ваму Јован е често име.