Сите три се убави, но јас ќе речам Војдан оти секое второ или трето дете го има едното од другите имиња.
па не се ако имате идеи други кажувајте за машко немам идеи никакви Само Дамјан ми е совршено машко име ама така се вика син ми. Не ми мењава тоа што се пречести и секое дете се вика исто, не сакам да му ставам некое ретко чудно име само за да биде ретко и уникатно као само моето дете се вика така а имево катастрофа смешно ама битно е да е уникатно и единствено.
Кузман и Дамјан најмногу си одговараат плус има и црква која се вика Св.Врачи Кузман и Дамјан и се слави на 14 ноември.
Освен Кузман мене ми се убави Наум, Зафир, Богдан, Недан исто преубаво а многу ретко име, Јордан, Павле, Петар, Григор, Глигор и Давор.