Димитриј . Имам другар Димитри, многу ми се свиѓаше имево. Штета што сите си го викавме Димче, а тоа па ептен никакво ми е.
А замисли јас познавам Александар кој го викаат Димче Димитриј се викаше колега од факултет, сите го прашувавме во тоа време од каде името. Се фалеше дека неговите живеат во Лондон и затоа така.
Предлог машки и женски имиња кои одговараат на Нина и Клара. Интернационални што се пишуваат исто на латиница и кирилица.
Не знам баш дали одговараат ама правописот веројатно може да се изведи да одговара Миа Софи(ја) Лорена Аника Марко Алекс Виктор Оливер
Лорена и нас ни е на ум Доминик исто за машко ама сакаме повеќе предлози пошо посебно машко имиња тешко ни оди
Ми текна и на Хана, често го слушам сега. Доминик баш ми се допаѓа. Овде не сум го слушнала бар во мојава околина. Во последно се почесто слушам име Милан кај машките дека ставаат.
Тука Австрија има Доминик мене ми одговара тука да е прифатливо, јас Кириан сакам ама мм никако. Во опција би ни биле и Филип и Мартин за сега...
Зависи во која држава сте, секаде не се пишуваат исто. Пример аника некаде е со две Н. Од женски интернационални ми се допаѓа и Лена/ Лени, Мила, Андреа, Мартина.. Од машки Милан е популарно. Симеон, Мартин, Лукас исто.
Да, затоа мене пример Филип ми се свиѓа ама не се пишува исто, а сакам да си олеснам за спеловање. Мм е за Мартин оти никако на никој јазик не може да се скрати, убаво ни е и Стефам ама тука е Штефан и во таква верзија не ми е ок.. е сега на мм му се свиѓа и германската верзија на Илија - Ilias/Elias само малце ми е чудно на Мк пример мој крај акцентот би го ределе на Е и не звучи исто. Доминик ни е моментално на прво место, а Лорена за женско.