Богдан или Борјан од овие, лично мене Касијан воопшто не ми се свиѓа, ниту па Кипријан. Како некоја измишљотина ми стојат, а не како име
Да битно е многу. Во кралските семејства и династии давале име на дедовци, прадедовци ако биле успешни владетели. И кај нас даваат по дедовци, ама безвезе, јас сум многу против тоа од духовен аспект. Ама тоа е друга тема. Да повеќето имиња имаат странско потекло, но битно е значењето. Многу е битно. Во старите традиции тоа го знаеле и практикувале, а сеа од помодарство се става што почудно име. И за жал ништо не знаат и не сакаат да научат, старите порано повеќе знаеле од нас за многу работи. Конкретно за имиња е муабетот, па да се држиме до тоа, не мора религиско значење да е. Само провери ги значењата на многу имиња па ќе видиш дека и те како се битни.
Каква измишљотина бе, сите се верски христијански имиња. И ич нема врска името со иднината, може да се викаш Слободан, а да си осуден на доживотен затвор Многу право си земате да дискутирате туѓи вкусови и желби.
Не знам дали се верски или не, меѓутоа мене лично не ми се свиѓаат. Ете вкус. Се извинувам ако некој се навреде.
Што ти е тебе битно како некоја на форум ќе го крсти бебето? Тебе може да ти е битно за своето дете. Се друго е преминување граница. Ти праиш чери пикинг. Кај нас традиционално даваат имиња на дедо, ама тоа не ти одговара, да беше омажена во кралско семејство ќе беше многу отворена и среќна да го прифатиш името од кралот. Ништо не сакаат младиве да научат од старите, ама кога старите сакаат името нивно да го ставите тоа не може. Тоа за другите важи, не за вас. Да си го смениш психологот. Требало да те научи како да изградиш здрава самодоверба и како и колку името ќе ти влијае во животот е колку ти ќе дозволиш и кон што ќе ја насочиш енергијата. Таман работа имињата да ни ја дефинираат иднината ќе учевме во школо формули како да го избереме вистинското име за нас. А сите ние си наоѓаме значење во имињата што ги даваме на нашите деца иначе. Ама да лапрдите и барате длабочини и височини во туѓите избори е неприфатливо. Токму од овие муабети по дома, само растете идни були. Иначе нормално е да не ти се свиѓа некое име и тоа да го кажеш и тука да заврши приказната. На сите нас сите имиња надвор од оние што сме ги избрале за нашите деца, не ни се свиѓале доволно да ги искористиме и тоа е во ред.
A кај виде да разубедувам конкретно некого да избере име ? Кажав тоа што знам. Темава е за имиња, па еве јас кажувам како се бира во други култури. Не немаше јас во кралско семејство да прифаќам име на дедо ако не бил моќен тој некој. Да научиме од старите мислам традиции, вредни знаења, не да слушам како ќе ми речат така. А ти не знаеш ништо за мене и мојата самодоверба за да ми предлагаш да менувам психолог. Олади.
Еее како не знаеме што значи Даријан... Ние сакавме да е богат и затоа му го ставивме името а и персиските кралеви многу ги почитуваме па дадовме такво име. Дај бе не зезајте кој како сака нека си крсти дете, и ние не сакавме имиња како Дамјан и Матеј, Филип и Јован, ама не сметам дека се лоши. Дали ќе се вика некое Киан или Ранду сеедно ми е.
Па тука пишале по 5-6 имиња предлози. Бараат мислење. Кажуваме кое од предлозите ни се допаѓа, и зошто другите не ни се допаѓаат. Не вршам притисок на никој ниту се мешам во одлуки.
Не знам каде виде дека побарав мислење. Јас си кажав кои имиња ни се нас во игра. Имаш право на свое мислење, иако лично од мене не беше побарано мислење ниту од тебе, ниту од некој друг. Сите имиња кои јас ги напоменав како предлози (лично наши) ги има во православието, што лично мене ми е важно. Да се македонски имиња. Моите две деца имаат едни од најчестите имиња во Македонија (син ми буквално најчестото) и нема врска со тоа дека името му го одредува карактерот на детето или не знам што. Почитувам и други мислења, и јас си имам свој став и вкус по однос на тоа, но секој за себе си одлучува и покрај мислењата на другите, кои може да се разликуваат светлосни години едни од други.
епа има. Имам огромна библиоетка на тема езотерија, духовност, метафизика, теозофија. И нумеролошки кодови се битни. И денот на раѓање и датумот. Ама тоа не е за секого и затоа кажувам накратко. Кој има уши нека чуе. Не наметнувам мое мислење. Ако некој го интересира само.