Весна има значење пролет, така да можете нешто со значење пролет да разгледате. Веда, Вита, Весина...
Веда, па да ја зафркаваат ќерка ѝ дека е Индијка или Турчинка. Кај Индијците значи знаење, но кај Турците значи збогување. Повеќето луѓе ги знаат овие значења отколку словенското што се поврзува со мудрост. Ако е за мудрост, подобро е Софија. Вита е поубаво, значи живот. Нешто слично е Вива. Весина нема врска со Весна, изведено е од збор што значи сосед на некои јазици. Не е добро. Не постои. А и зошто? Токму Весна е безвременско и преубаво име што значи пролет. Ако сакаш други на В, овие Вива или Вита што ги спомнав. Можеби Вивијан/а. Или Ведрана што значи весела. На друга буква, Аурора или Зора/Зорја. Овие значат зора или нов ден/почеток.
за кое се одлучи? Ние синчето го крстивме Димитриј пред 6месеци… уште пред 4-5години ми се засвиѓа имево и ептен бев среќна кога и на мм му кликна од прва
Леле не, ептен бев за Димитриј, но тука кај нас одма ќе почнат да го викаат Диме или Димче па ќе треба секојдневно да реагирам за тоа. Инаку во опција ни е и Матиј па кога му ги кажав сите 3 на кумот него најмногу му се допадна Матиј дека поголемиот ни е Максим
Aј не трескај глупости. Возрасните можат да ја зафркаваат, ама не и децата. Кое дете знае какво име е Веда? Децата не се ни замараам со вакви работи
Се согласувам, ни јас не го знам потеклото дека е такво (ако за тоа станува збор), а не па дете. Во средно имавме Веда и никогаш никој не и кажал нешто (и не знаев дека има причина?).
А зошто толку дрско ''ај не трескај" разбирам и анонимен форум ама малце култура да се покаже на форумов ? Колку некој и да има различно мислење
Оти не и е прв пат да напише дека некој ќе му се смее на детето поради значењето на името кое патем пола народ и повеќе не го знае и не се замара.
Непишано правило е дечињата чие име завршува на ИЈ да ги викаат и пишат без Ј на крај Моите сите три (ќе) се така, цел живот ќе треба да поправам