@Cherry blossom89 Вера ми е преубаво и Зарина многу ретко ги има во новиве генерации, јас и Зоја би додала. Убава е и странската верзија Зои, но Зоја ми е поелегантно, истовремено и моќно.
Секој со своето, ама читајќи ги репликите и коментарите во објави од 2010, а и неодамнешните и се изначитав помодарство. Измислени бљувотини од имиња, а нашите нормални македонски не им чинеле. Верувачи во теории на заговор со имињата битно како благородници Мултимаксилијан и слични кучкарско-нетфликс изазвани имињата. Пример Ристе или Илија им било глупо ама не им е глупо Вивијан, Едвар(т) [со Т го прочитав во еден од коментарите], Леона, Веда и Вита. Малку ја објаснува состојбата и дијагнозата во која сме како народ и држава. Луѓе што немаат елементарно чувство за осет, ретко можат да направат убави промени во општеството.
И јас сум до некаде на истото мислење со тебе, некако ептен “странци” сакаме да бидиме во последните години, ама па од друга страна како што ќе си го крстат родителите така ќе си го викат нив му е дома! Иначе за името Вита, мене не ми е ново, јас познавам жена македонка на 60+ години со тоа име..
Уште малку време остана, а јас сè уште се мислам за име и никако да се одлучам… Засега на листата ми се: Иларија, Кирјана, Анџела, Леони, Софи, Мона, Нора, Мери Кое од овие имиња ви е најубаво? Или, ако имате некоја друга идеја, слободно предложете ми.
Иларија ми е најубаво Исто и Анџела и СофиЈА Пиши што ќе избереш на крај. Половина од имињава како на прабаба ми комшиките....Сирма, Анѓа, Зарина....и јас не сум за помодарство ама искрено ова е више ту мач, јас сум трудна со машко и да кажам дајте идеја и да ми даде некој Трпе, Столе итн...ќе мислам мajтап си игра со мене
Зошто мајтап не ми е јасно, па истиве имиња ги имав за предлози и за ќерка ми и таа носи старо име на мојата прабаба и баш си е супер името. А за машки имиња во предлози ми беа Зафир, Кузман, Наум, Војдан и овие случајно дан не ти се за мајтап имиња?